Џејсон Стејтам (54) и Роузи Хантингтон-Вајтли (34) добија второ дете - не се брзаат да стапат во брак

Холивудскиот актер Џејсон Стејтам (54) стана татко по вторпат. Неговата свршеница Роузи Хантингтон Вајтли (34) на Инстаграм потврди дека на 2-ри февруари добиле ќерка.

djejson-stejtam-54-i-rouzi-hantington-vajtli-34-dobija-vtoro-dete-ne-se-brzaat-da-stapat-vo-brak-01.jpg

Роузи Хантингтон Вајтли на Инстаграм објави фотографија со бебешко креветче и до неа го откри името на најновиот член на нивното семејство.

„Изабела Џејмс Стејтам, 02.02. 2021“ – напиша таа до фотографијата.

View this post on Instagram

A post shared by Rosie HW (@rosiehw)

Роузи и Џејсон постојано живеат во САД, но според британските медиуми, убавата манекенка се породила во Лондон.

djejson-stejtam-na-54-godini-stana-tatko-po-vtorpat-so-20-godini-pomladata-svrshenica-dobi-kjerka-03.jpg

Инаку, Џејсон Стејтам и Роузи се запознале на забава во Лондон во 2009-тата година, а во врска од 2010-тата година. Во 2016-та година ја објавија свршувачката и следната, 2017-та година го добија синот Џек Оскар.

djejson-stejtam-na-54-godini-stana-tatko-po-vtorpat-so-20-godini-pomladata-svrshenica-dobi-kjerka-06.jpg

Тие двајцата се заедно речиси 12 години, од кои речиси 6 години се свршени, но очигледно не им се брза да стапат во брак.

djejson-stejtam-na-54-godini-stana-tatko-po-vtorpat-so-20-godini-pomladata-svrshenica-dobi-kjerka-05.jpg

Роузи во минатото говореше за тоа кога би можело да очекуваме да застанат пред олтар, па рече дека тоа не им е приоритет.

„Се радуваме на тоа што ќе стапиме во брак, но сепак не ни е главен приоритет, затоа што сме мошне среќни. Сметаме дека би било забавно да застанеме пред олтар кога бебето ќе порасне и ќе можеме да го вклучиме во свадбата“ – рече таа во 2018-та година.

djejson-stejtam-na-54-godini-stana-tatko-po-vtorpat-so-20-godini-pomladata-svrshenica-dobi-kjerka-08.jpg

Таа честопати коментира дека никогаш не им пречела 20 годишната разлика помеѓу неа и Џејсон и дека според нив годините се само број, а на прашањето за тоа што е она што најмногу го сака кај својот свршеник, Роузи рече:

„Тој е неверојатен татко што многу ми помага. Тој е партнер што многу ме поддржува и е заштитнички настроен, а исто така има и одлична смисла за хумор.“

djejson-stejtam-na-54-godini-stana-tatko-po-vtorpat-so-20-godini-pomladata-svrshenica-dobi-kjerka-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg