Кајли Џенер (24) стана мајка по вторпат – со Тревис Скот (30) добија синче (фото)
- Детали
- понеделник, 07 февруари 2022
Кајли Џенер и нејзиното момче, раперот Тревис Скот, станаа родители по вторпат – на 2-ри февруари тие добија синче, но уште не знаеме дали одбрале име.
Кајли Џенер и Тревис Скот го добија нивното второ дете, и тоа само еден ден по четвртиот роденден на ќерка им Сторми.
Кајли се породи на 2-ри февруари 2022 година, а убавите вести ги сподели денес, 7-ми февруари, со фотка на Инстаграм.
Кајли сподели црно-бела фотографија на која се гледа малото раче на бебето. Во описот стои само датумот на неговото раѓање.
фото: Инстаграм
Според Page Six, Кајли и Тревис добиле синче, но уште не е познато дали одбрале име.
24-годишната ријалити ѕвезда сподели и неколку фотографии на Инстаграм Стори на кои се гледаат огромни букети цвеќе што ги добила од семејството.
Слично како со првата бременост, и овојпат Кајли ги криеше убавите вести, но само на краток период. За првата бременост, Кајли не прозборе ништо сè додека не се породи.
Јавноста дозна за нејзината втора бременост во август минатата година, а Кајли првпат го покажа стомачето на почетокот од септември.
Периодов Кајли, но и Тревис се држат понастрана од јавноста поради инцидентот на фестивалот Astroworld во ноември. Тогаш, за време на настапот на Тревис, настана стампедо поради кое загинаа 10 лица, а многумина беа повредени.
Прочитајте повеќе: Кајли Џенер со ќерката поминала покрај мртвите тела на фановите – нови детали за трагедијата на концертот на Тревис Скот
Кајли и 30-годишниот рапер заедно ја имаат 4-годишната ќерка Сторми која се роди во февруари 2018 година.
Тие ја почнаа врската во април 2017-та, се разделија во 2019-та, а неодамна ја обновија романсата и одлучиjа уште еднаш да го прошират семејството.
Спирова С. | Црнобело