Од Кен стана Барби и денес го има можеби „најпластичното“ лице на светот (фото)
- Детали
- сабота, 05 февруари 2022
Од нос до гради и желудник за да ослабе, некогаш Родриго, а денес Џесика Алвес, не сопира со операциите и промените во изгледот.
Џесика Алвес некогаш беше позната како најпластичниот маж на светот - Родриго Алвес, а сега за себе вели дека е жива Барби. Таа години наназад не престанува со пластичните операции, a нејзиното лице е изменето до непрепознатливост.
Деновиве 38-годишната русокоса беше фотографирана за време на една прошетка во Лондон облечена во бело.
Таа обожава да го истакнува деколтето, а на Инстаграм постојано споделува детали од својата рутина за убавина.
Дали ова може да се нарече „најпластичното“ лице во светот?
С. С. | Црнобело