Зошто Џенифер Анистон не ја обвинува Анџелина Џоли за разводот со Бред Пит?
- Детали
- четврток, 03 февруари 2022
„Дали бев осамена? Да. Дали бев разочарана? Да. Дали сум збунета? Да. Секако дека имам денови кога се чувствувам очајно“ - изјави Анистон за љубовниот триаголник помеѓу неа, Бред Пит и Џоли. Но, зошто никогаш јавно не ја обвини Анџелина, освен што кажа дека не била испочитувана од неа?
Според многумина, Анџелина Џоли е главниот виновник за разводот на Џенифер Анистон и Бред Пит, но се чини дека Анистон не го дели мислењето со јавноста.
Актерката никогаш не ја нападнала Џоли јавно, ниту, пак, го обвинила Бред Пит за неверство и всушност смета дека разделбата со актерот била причинета од бројни други фактори.
Па, која е причината за овој став на Анистон?
„Конфликтот“ помеѓу актерките започна кога во 2007 година Џоли отворено раскажа како се вљубила во Бред за време на снимањето на Mr. and Mrs. Smith.
Дотогаш Анистон и Пит веќе беа разделени, но никој од нив не зборуваше јавно за целата ситуација.
„Бред беше големо изненадување за мене. Мислам дека кога се запознавме ни двајцата не баравме нова врска. Сигурна сум дека јас дефинитивно не барав нова врска – бев задоволна со тоа да бидам сингл мајка. И, не знаев многу за приватниот живот на Бред.
Но, беше очигледно дека тој е со неговата најдобра пријателка, партнерка што ја сака и почитува. Мислев дека тогаш и двајцата имавме исполнети животи“.
Џоли најмногу се изненадила кога сфатила дека навистина ѝ годи соработката со Бред и дека едвај чека да оди на работа.
„Поради филмот, заедно правевме навистина луди работи и ненадејно се зближивме. По неколку месеци, сфатив дека едвај чекам да одам на работа.
Без разлика дали снимавме, се расправавме за некоја сцена, вежбавме со оружје или ги пробуваме опасните сцени, едноставно ни беше забавно“.
Во интервјуто, актерката откри дека дури откако завршило снимањето таа и Бред сфатиле дека помеѓу нив има и привлечност.
„На крајот сфативме дека помеѓу нас се случува нешто повеќе од она што мислевме. И двајцата знаевме дека тоа е нешто големо, нешто за коешто ќе треба да размислиме“.
Следната година, во 2008-ма, Анистон прозборе за интервјуто на Џоли и ова е можеби единствениот пат кога кажала нешто против неа. Тогаш Анистон изјави дека колешката ѝ покажала непочитување со коментарите за Бред.
„Зборовите на Џоли беа објавени во период кога не бев свесна што се случувало. Сметам дека е неучтиво да се дискутираат такви детали. Кажа дека едвај чекала да оди на работа. Тоа не е во ред“.
Џоли и Анистон првпат се запознале додека траело снимањето на Mr. and Mrs. Smith:
„Ѝ реков на Џоли ’Бред е воодушевен што работи со тебе. Се надевам дека се забавувате‘“, откри Анистон.
Дури во 2015 година, Џенифер Анистон откри дека била свесна за привлечноста помеѓу Бред и Анџелина за време на снимањето, но нагласи дека во нивниот брак веќе имало проблеми.
„Комплицирано е. Врските се комплицирани. Созревате заедно со вашиот партнер, а кога ќе престанете да созревате заедно, ќе почнат да се појавуваат проблеми“.
Нормално, иако не ја обвинува Џоли, актерката сепак била со скршено срце.
„Дали бев осамена? Да. Дали бев разочарана? Да. Дали сум збунета? Да. Секако дека имам денови кога се чувствувам очајно. Но, сега ми е одлично. Никој не ми згреши. Само, едноставно, некои рабови се случуваат“.
Според извори блиски до Џенифер и Бред, тие не биле среќни во бракот уште пред да се појави Анџелина.
„Постепено се губеа себеси во врската. И покрај убавиот живот и фактот дека имаа сè што сакаат, не беа среќни“.
Спирова С. | Црнобело