Џорџина го покажа трудничкото стомаче во Дубаи додека јавноста го критикува нејзиниот документарец: „Таа е разгален материјалист“
- Детали
- понеделник, 31 јануари 2022
Џорџина Родригез го покажа трудничкото стомаче со семејна фотка од Дубаи, а само неколку дена претходно дел од јавноста го критикуваше нејзиниот документарец бидејќи изгледала како разгалена материјалистка.
Џорџина Родригез и фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо очекуваат близнаци – момче и девојче – а сега моделот го покажа и трудничкото стомаче.
Моментално парот и нивните деца се во Дубаи, од каде што Џорџина сподели слатка семејна фотографија. На фотката, покрај Џорџина и Роналдо, можеме да ги видиме и нивните четири деца.
Она што привлекува најмногу внимание на фотографијата е трудничкото стомаче на Џорџина која изгледа одлично.
Истата фотографија ја сподели и фудбалерот, со опис:
„Ти благодарам Дубаи за убавите мигови. Ти благодарам Дубаи за најубавите семејни моменти. Дубаи е мојот втор дом и моето семејство е благодарно за гостопримливоста и дарежливоста на убавите луѓе тука“.
Моделот сподели уште неколку фотки на кои се забележува нејзиното стомаче.
Пред само неколку денови јавноста имаше можност да го погледнете документарецот на Џорџина во кој таа открива детали од нејзиниот живот.
Во документарецот Џорџина вели дека на почетокот од врската со Роналдо ѝ било мошне тешко да се привикне на луксузот бидејќи била научена на многу поскромен живот.
Сега пак, вистински ужива во раскошот, но вели дека поради популарноста на Роналдо, планирањето најобичен семеен одмор може да се покаже како вистински предизвик.
Таа открива и дека Роналдо има навистина високи барања кога одат на семејно патување.
На пример, тие најчесто изнајмувале приватна вила со многу простории. Вилата мора да има приватен базен, а доколку се на море или океан, мораат да имаат приватно пристаниште, но и доволно простор за нивните деца да можат да се шетаат и да си играат без воопшто да го напуштат имотот.
Наводно, едно од барањата на Роналдо е вилата да биде опремена и со фитнес центар. Но, доколку тоа не е возможно, тој без проблем ги носел неговите справи за вежбање.
И покрај чудните барања, Џорџина тврди дека тие се како и секое обично семејство.
„Ние сме како и секое друго семејство. Заедно појадуваме, Кристијано тренира, а јас средувам она што треба да се среди. Ако треба да го средам домот, ќе го направам тоа, или ќе испланирам патување, некој проект или ќе им се посветам на децата“.
Во документарецот се опфатени изминативе пет години од животот на Џорџина, односно периодот кога ги доживеала најголемите животни промени.
Таа зборува за раскошот што го ужива, обврските поврзани со домот и мајчинството, нејзините бизнис проекти, како и проблемите со коишто се соочува.
За крај, Џорџина вели дека таа е доказ дека соништата навистина се исполнуваат.
„Јас сум ценета, разгалена и сакана. Понекогаш само си помислувам ’Колку сум среќна‘... Отсекогаш сонував дека ќе имам принц покрај мене.
И сега имам, со прекрасни деца кои ми даваат многу љубов. И да, можам да кажам дека соништата навистина стануваат реалност“.
Во документарецот Џорџина се фали за секој раскошен детаљ од нејзиниот живот, но изгледа токму тоа не им се допаѓа на фановите кои почнаа да ја критикуваат истакнувајќи дека таа само имала среќа во животот и ништо друго.
„Искрено пробувам да ја сфатам поентата на документарецот, но не можам. Џорџина е многу среќна жена и нејзиниот живот е гламурозен, па може да прави што и да сака. Парите не се проблем за неа, но тоа е сè“.
„Ми изгледа дека Џорџина и Кристијано се добри луѓе, но богатите мораат да размислуваат повеќе за планетата! Имаш деца и ги носиш со приватен авион само за да го видат Дедо Мраз или да си купиш фустан? Помисли на светот што ќе го оставиш за децата“.
„Џорџина пробала да се прикаже како важна личност со која ќе се поврзат сите споделувајќи ги нејзините секојдневни проблеми. Но, не ѝ успеа. Имала тепих од волна и кашмир, но децата го извалкале, па сега ќе морала да го продаде за 10.000 долари. Многу тежок живот…“
„Се извинувам, но Џорџина не е воопшто приземјена личност. Мислам дека е материјалист, не сака никого и има огромно его. Воопшто не ми изгледа како грижлива мајка“.
Сепак, Џорџина има огромен број фанови од кои повеќето се воодушевени од документарецот:
„Мислам дека сум вљубена во Џорџина. Неверојатна жена“.
„Ја сакам нејзината самодоверба“.
„Едвај чекав да го изгледам документарецот. Џорџина прекрасна и има многу добар стил. Едноставно, ја сакам“.
Трејлерот од документарецот на Џорџина:
Спирова С. | Црнобело