Тајната зад младешкиот изглед на Џенифер Анистон чини над 80.000 евра годишно
- Детали
- недела, 13 февруари 2022
Изгледа како Џенифер Анистон да се нема променето многу од финалето на серијата „Пријатели“ пред речиси две децении. Но, како актерката ја одржува младоликоста?
Џенифер Анистон важи за една од најубавите жени во Холивуд. Овој февруари, актерката го прослави 53-тиот роденден, а според многумина, нејзиниот изглед не е многу променет од оној на Рејчел во култната серија „Пријатели“.
Џенифер Анистон - пред и по 17 години
Доколку некој сака да го следи нејзиниот ритам, ќе треба да одвои голема сума пари. Што значи, убавината „се купува“, но само доколку имате доволно финансиски средства.
Колку чини младешкиот изглед на Џенифер Анистон?
Исхрана – околу 19.000 евра годишно
Пред „Пријатели“ и пред да се прослави, Џенифер била малку поголема. Во една прилика таа самата призна дека агентот ѝ рекол дека нема да ја добие улогата бидејќи е „буцкаста“.
„Му реков: 'Што?!', но мојата исхрана беше навистина страшна. Милкшејкови и помфрит со прелив. Беше многу добро што почнав да се грижам за исхраната во тој момент“.
Во доцните 90-ти, Џенифер ја испробала Аткинсовата диета и станала најголемиот клиент на „Diet Designs“, кој испорачува избалансирани и здрави оброци. Изворите велат дека сè уште ужива во овие оброци, а за тој луксуз троши околу 360 евра неделно.
Лице – околу 7.000 евра
„Вечно“ свежиот изглед на лицето не чини малку и не се добива лесно. Џенифер го испробала речиси секој луксузен третман за лице, и тоа се гледа на неа.
Од 2000 година, нејзината нега на лице е многу сериозна и скапа. Првично таа користела кремови богати со алфа-хидроксни киселини, а сега користи ласерски третмани за лице кои го затегнуваат лицето на нехируршки начин.
Шминка – околу 800 евра годишно
Во споредба со сè останато, нејзината дневна шминка е многу скромна – маскара Chanel (30 евра) и коректор (30 евра), тониран крем Laura Mercier (40 евра), а кога ѝ е потребна посилна покривност користи пудра Armani која чини 45 евра.
Таа користи и балсам за усни на Dr. Hauschka (10 евра) и пудра Chanel (36 евра), што значи дека ѝ се потребни речиси 200 евра за да излезе од дома.
Коса – околу 8.000 евра годишно
Најдобриот пријател на Џенифер Анистон е нејзиниот фризер Крис Мекмилан, кој е задолжен за нејзината препознатлива фризура уште од 1994 година, а за потстрижување наплаќа околу 500 евра.
Што се однесува до бојата, за неа е задолжен Мајкл Канале, кој наплаќа околу 400 евра. Џенифер ги посетува и двата фризерски салони на секои шест недели.
Нозе – околу 44.000 евра годишно
Џенифер е вистински фитнес фанатик. Таа вежба шестпати неделно во нејзината огромна куќа во Беверли Хилс. Има три тренинзи со тренерот Менди Ингбер, а тоа ја чини над 800 евра неделно.
Веѓи – над 800 евра годишно
Секогаш беспрекорна, Џенифер вложува многу пари во грижата за веѓите.
За нив со години се грижи познатата холивудска козметичарка Анастасија Соаре, чии клиенти се Ким Кардашијан и Викторија Бекам, а еден третман чини околу 70 евра, па и повеќе.
Тен – околу 2.200 евра годишно
Џенифер со децении го избегнува сонцето и го одржува потемнетиот тен за кој е задолжен салон во западниот дел на Холивуд. Таа оди на третман еднаш неделно, а една посета ја чини околу 40 долари.
Врат – околу 420 евра
Ниту една жена која наполнила 40 години не го сака својот врат, а Џенифер не е исклучок.
Таа се колне во „Euoko Fractional Neck Lift Concentrate“ со кој го одржува тонусот на вратот, третман кој чини околу 420 евра. Една тегла трае околу една година.
Нос – околу 23.000 евра
Џенифер потврди дека двапати посетила пластичен хирург за да ѝ го среди носот. Првиот пат пред „Пријатели“ и вториот во 2008 година, токму во моментот на разводот со Бред Пит и неговото неверство со Анџелина Џоли.
Гради – околу 6.000 евра
Дали Џенифер ги коригирала градите или не? Имало многу шпекулации во врска со ова прашање, но Џенифер никогаш не го потврдила тоа.
Холивудскиот пластичен хирург Зара Харутинуан минатото лето изјави дека смета дека Џенифер била подложена на мастопекси, процедура која ги подигнува и зајакнува нејзините гради, но не ги зголемува.
Годишна сума за „одржување“ – над 80.000 евра годишно
Растојанието помеѓу двете слики од почетокот на текстот како што напоменавме изнесува 17 години, што нè носи до огромна сума Дали инвестицијата навистина се исплатила, можете самите да процените.
(О)Милена | Црнобело