Крис Браун кој во минатото ја претепа Ријана, сега заработи тужба за силување: „Следниот ден ми се извинуваше“

Раперот Крис Браун кој во минатото беше во врска со пејачката Ријана и брутално ја претепа во 2009-тата година, сега се соочува со нов скандал. Друга позната пејачка го тужи за силување.

kris-braun-koj-vo-minatoto-ja-pretepa-rijana-sega-zaraboti-tuzhba-za-siluvanje-sledniot-den-mi-se-izvinuvashe-01.jpg

Позната пејачка која не го открива сопствениот идентитет, затоа што, „стравува за сопствениот живот и кариера“ во текот на минатата недела поднесе тужба до судот во Лос Анџелес против поранешното момче на Ријана, Крис Браун (32).

Таа тврди дека се запознала со Крис на забава кај Шон Диди во неговиот дом на Стар Ајланд. Сепак, инцидентот се случил на јахта што била во непосредна близина на домот на Диди.

kris-braun-koj-vo-minatoto-ja-pretepa-rijana-sega-zaraboti-tuzhba-za-siluvanje-sledniot-den-mi-se-izvinuvashe-08.jpg

Пејачката чијшто идентитет не се открива, раскажува како додека биле на јахтата раперот ѝ дал пијалак, а откако го испила почнала да ја губи свеста. Таа наводно била дезориентирана, физички нестабилна и почнала повремено да заспива и да се буди.

kris-braun-koj-vo-minatoto-ja-pretepa-rijana-sega-zaraboti-tuzhba-za-siluvanje-sledniot-den-mi-se-izvinuvashe-02.jpg

Се обидувала да му каже да престане, но Браун наводно ги игнорирал нејзините молби, а следниот ден тој ѝ се извинил и ѝ рекол дека бил изгубен и не се сеќавал дали ејакулирал во неа.

Веднаш побарал од неа да земе таблета за контрацепција за „ден потоа“, а таа самата веднаш направила тестови за полово преносливи болести.

kris-braun-koj-vo-minatoto-ja-pretepa-rijana-sega-zaraboti-tuzhba-za-siluvanje-sledniot-den-mi-se-izvinuvashe-07.jpg

На 16-ти јануари раперот ја поканил во неговиот дом во Калифорнија и таа прифатила да дојде за да работат заедно на неговата музика. Сепак, по снимањето тој пак ја викнал да оди во неговата соба.

„Крис Браун тврдеше дека таа никогаш нема да успее како музичар освен ако не прифати да го направи тоа што треба, односно таа морала да има секс со него за да напредува во кариерата“ – се вели во тужбата.

Раперот на Инстаграм ги отфрли обвинувањата и рече дека повторно некој се обидува да му го наруши угледот ширејќи лаги.

kris-braun-koj-vo-minatoto-ja-pretepa-rijana-sega-zaraboti-tuzhba-za-siluvanje-sledniot-den-mi-se-izvinuvashe-03.png

За потсетување во 2009-тата година Крис Браун беше притворен откако брутално ја претепа Ријана.

kris-braun-koj-vo-minatoto-ja-pretepa-rijana-sega-zaraboti-tuzhba-za-siluvanje-sledniot-den-mi-se-izvinuvashe-05.jpg

Откако го призна делото, во 2015-та година доби условна затворска казна, а минатата 2021-ва година повторно беше под истрага откако една жена го обвини за насилство.

Прочитајте и Брутално ја претепа Ријана, има 2 деца од 2 жени: Што прави денес Крис Браун?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Џастин Тимберлејк не ѝ бил прв дечко, со Колин Фарел сексот бил како „борење“ – Нови скандалозни при... Првиот брак ѝ траеше само 55 часа, а се омажила затоа што била пијана и ѝ било з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg