Брутално ја претепа Ријана, има 2 деца од 2 жени: Што прави денес Крис Браун?
- Детали
- четврток, 15 април 2021
Тој беше првата и најголема љубов на Ријана, која за жал неславно заврши. Раперот брутално ја претепа во 2009 година, а за скандалот дозна целиот свет.
Крис Браун стана една од најомразените личности откако ја претепа својата тогашна девојка Ријана во февруари 2009 година.
Фотографиите од нејзиното отечено лице го обиколија светот, а потоа и тој сам ја раскажа приказната за кобната ноќ.
Сега, 31-годишниот рапер повторно е во медиумите поради непријатна вест. Според пишувањата на TMZ, Патрисија Авиља го тужи Крис Браун, заради тоа што додека чистеле во неговиот дом, нејзината сестра станала мета на напад од неговите кучиња.
Сестрите тврдат дека знаеле дека Крис има кучиња, но сметале дека тој ги чува во посебна просторија. Но, наводно тие ја нападнале сестра ѝ додека таа ја празнела правосмукалката.
Сестрите тврдат дека кучињата на раперот и во минатото биле насилни и бараат голема отштета затоа што нападот бил сериозен со касање по лицето и нозете.
Инаку, денес Крис Браун е татко на две деца.
Тој ја има 6-годишната ќеркичка Ројалти со Ниа Гузман (37).
А има и 16-месечен син, кој се вика Аеко, со Амика Харис (27).