Меколи Калкин се сврши со саканата - пронајде среќа по сите злоупотреби, зависности и скандалите со Мајкл Џексон
- Детали
- четврток, 27 јануари 2022
Познато е дека Меколи имал многу трауми во животот. Татко му го злоупотребувал психички и физички, чувствувал огромен притисок како дете ѕвезда, имал чуден однос со Мајкл Џексон, консумирал дрога... Но, пред 9 месеци го доби првото дете, а сега и се сврши со својата сакана и неговиот живот конечно има еден хармоничен и пријатен тек.
Меколки Калкин (41) по 4 години состанување и 9 месеци откако го добија нивното прво дете, синот Дакота, се сврши со својата сакана Бренда Сонг (33), пишуваат светските медиуми.
Актерката е уловена со голем свршенички дијамантски прстен на раката за време на прошетка во Беверли Хилс. Со Gucci влечки и црвен капут, Бренда не обрнува внимание на фотографите.
Нејзината најпозната улога е во „The Suite Life on Deck“, а Меколи пак никогаш нема да го заборавиме како преслаткото детенце од „Home Alone“.
Парот, што се сретна на филмски сет во 2017 година, не најави ниту дека очекува дете, туку по породувањето само се огласија дека се пресреќни, па изгледа слично е и со свршувачката.
За Меколи, Бренда во една пригода изјави: „Луѓето не сфаќаат колку тој е неверојатно добар, лојален, сладок и паметен. Тој е навистина посебен. Знае кој е и 100% е во ред со тоа. И тоа за мене е неверојатно секси особина. Тој работеше навистина напорно за да биде личноста што е денес.“
Познато е дека Меколи имал многу трауми во животот. Татко му го злоупотребувал психички и физички, чувствувал огромен притисок како дете ѕвезда, ја изгубил најголемата љубов Мила Кунис по 9 години врска, имал чуден однос со Мајкл Џексон, кој многумина го нарекуваат и скандалозен, и што уште не.
Но, токму Бренда е личноста која успеа да му помогне да се стабилизира и да пронајде среќа одново.
И уште неколку папарацо фотки од неа со свршеничкиот прстен:
Прочитајте и Чуден однос со Мајкл Џексон, дрога: 10 мрачни факти за животот на Меколи Калкин
С. С. | Црнобело