Детални папарацо кадри: Бритни Спирс во бикини со свршеникот на Хаваи - се жали дека цел месец ѝ се лоши
- Детали
- вторник, 25 јануари 2022
„Имам некој вирус, цел месец имам гадење и уморна сум“ – раскажува поп-пејачката Бритни Спирс која во моментов со нејзиниот свршеник Сем Ашгари ужива на одмор на Хаваи.
Поп-пејачката Бритни Спирс (40) откако минатата година се ослободи од легалното старателство од татко ѝ и доби можност да управува со сопственото богатство, во моментот заедно со нејзиниот свршеник Сем Ашгари (27) ужива на одмор на Мауи, Хаваи.
Бритни објави кратко видео на Инстаграм во кое го покажа задникот во жолти танга бикини. Нејзиниот свршеник Сем го снимил видеото на кое се гледа како поп-пејачката се сонча, а ни дозволи да ги видиме и убавините на островот.
Во долгиот опис до видеото, Бритни се пожали за сопствената здравствена состојба па напиша:
„Имам некој вирус … Единствено нешто што сега е слично со периодот кога бев бремена е гадењето и тоа е најлошо…
Се чувствувам како да не можам да се разбудам, па веднаш одам во теретаната и се обидувам да разбудам. Точно како часовник…
Се будам, се препотувам и одам во тоалетот да повраќам. Навистина е ужасно, но останувам во теретаната затоа што не сакам да си одам дома и да лежам болна во кревет…
Само продолжувам, а навечер одам да танцувам и системот ми проработува… Леле… Ова се случува цел месец наназад и ако некој друг се соочува со овој проблем да знаете дека не сте сами. Ослабев 1kg и тоа е многу за моето тело“ – вели таа.
Пејачката исто така ги поздрави и папараците што редовно се пред нејзината соба и се обидуваат да уловат уште некоја фотографија од неа.
„Треба да можам да шетам гола ако сакам… Имајте убав ден луѓе. Би рекла дека сум благодарна за храната во Мауи и овој супер хотел, само посакувам папараците да ме остават на мир“ – вели таа.
https://www.instagram.com/p/CY8AdT2L7cm/?utm_source=ig_web_copy_link
Заедно со нејзината објава на Инстаграм, во медиумите веќе се појавија и првите папараци фотки од Бритни и Сем додека уживаат на балконот во нивниот хотел во Мауи.
Бритни е фотографирана како се сонча во карирано жолто бикини, а Сем го покажа извајаното тело во сини шорцови.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело