Ќерката на Џеј Ло повторно во необичен аутфит - 13-годишната Еме се облекува во момчешки стил (фото)
- Детали
- вторник, 18 јануари 2022
Како мало девојче ќерката на Џеј Ло ја гледавме во розови фустанчиња и здолништа од тул, но во последно време таа негува сосема момчешки стил. Дел од нејзините специфични аутфити...
Џенифер Лопез (52) деновиве беше фотографирана како јаде сладолед со нејзината 13-годишна ќерка Еме.
Џеј Ло тој ден промени два аутфити, според фотографиите на папарацо фотографите, но Еме цел ден беше во истиот специфичен аутфит, кој е во момчешки стил.
Во последно време Еме постојано негува таков стил, а пред извесен период ја видовме и со коса бојадисана во сино.
Додека беше мала Џеј Ло ја дотеруваше во розови фустанчиња и здолништа со тул, но очигледно на Еме не ѝ се допаѓа овој стил, па направи драстична промена.
Како ви се допаѓа нејзиниот стил и потег?
Какви аутфити носи ќерката на Џеј Ло деновиве, но и во изминатиот период:
С. С. | Црнобело