Џеј Ло го кара синот, а ќерката Еме во необичен стајлинг – семејството на куп со децата на Бен Афлек (фото)
- Детали
- понеделник, 23 август 2021
Прво на театарска претстава, а потоа и на забавно патување во Magic Castle во Холивуд. Бен Афлек и Џеј Ло ги собраа децата на купче за време на изминатиот викенд.
Тие се моментално најпопуларната двојка меѓу познатите, а дека во целост се посветени на нивната врска говори и фактот што често може да ги забележиме како излегуваат заедно со семејствата и се обидуваат да ги запознаат нивните деца.
Бен Афлек и Џенифер Лопез беа забележани како заедно со нивните пет деца уживаат за време на викендот.
Во петокот беа забележани како чекаат ред за да ја погледнат театарската претстава „Хамилтон“ на Бродвеј. За време на театарската претстава парот беше придружуван од двете ќерки на Бен, Вајолет (15) и Серафина (12) и близнаците на Џеј Ло од бракот со Марк Ентони, Макс и Еме (13).
Со нив не беше 9-годишниот син на Бен, Семјуел, но била забележана неговата мајка, Крис.
Следниот ден, славната двојка отпатува во Холивуд, каде во забавниот парк Magic Castle беа забележани заедно со сите пет деца, а Бен и Џеј Ло не се одвојуваа еден од друг.
Децата на Џеј Ло се често во фокусот на медиумите, но и на нејзините социјални мрежи, а овојпат папараците ја уловија славната мајка како го кара синот Макс, додека пак ќерката Еме го привлече вниманието со уникатниот моден стил и фризура.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело