Анџелина Џоли го крие слабото тело под црна, широка облека на прошетка со 13-годишната ќерка Вивиен
- Детали
- среда, 12 јануари 2022
Анџелина Џоли шеташе со ќерката Вивиен носејќи широка облека која го крие нејзиното слабо тело. Само неколку денови претходно, актерката уште еднаш покажа дека е голем хуманитарец откако откри дека им помага на тинејџерките од сиромашни земји да се образуваат во областа на науката и инженерство.
Анџелина Џоли беше забележана со 13-годишната ќерка Вивиен која се претвора во вистинска убавица.
46-годишната актерка и девојчето излегуваа од продавница во Лос Анџелес.
Актерката носеше широко палто и црни панталони, со кои го прикрива слабото тело, но сепак изгледа стилизирано.
Младата Вивиен носеше кратки панталони и блузон.
Иако Џоли отсекогаш била слаба, периодов фановите се загрижени за нејзиното здравје.
Според извори за американските медиуми, актерката е изложена на многу стрес поради судската битка со поранешниот сопруг Бред Пит. Па, можеби многуте грижи се причина за нејзиното слабеење.
Но, и покрај многуте проблеми со кои се соочува и шесте деца за коишто треба да се грижи, Џоли наоѓа време и за добротворна работа.
Неодамна, актерката откри дека им помага на тинејџерки од целиот свет да се образуваат во областа на науката, технологијата и математиката. Овој проект се реализира преку партнерство со фондацијата Медокс Џоли која ја надгледува нејзиниот син Медокс.
Актерката изјави дека сака кога младите девојки успеваат, а наводно била особено инспирирана од 15-годишно девојче со огромен потенцијал.
Фондацијата Медокс Џоли се фокусира на заштита на околината и населението во сиромашните делови во Камбоџа. Актерката првпат ја посети Камбоџа уште во 2000 година, а оттаму го посвои и нејзиното најстаро дете - синот Медокс.
Џоли е позната за добротворната работа, а одново и одново докажува дека навистина сака да направи позитивна промена во светот.
Спирова С. | Црнобело