Била мета на навреди заради витилигото, сега руши бариери – Вини Харлоу е бикини божица (фото)
- Детали
- среда, 12 јануари 2022
Вини Харлоу е можеби првиот светски познат модел со витилиго – нарушување што предизвикува депигментација на кожата – и нејзината кариера постојано оди во нагорна линија.
27-годишната девојка го освои светот на модата не само со совршените лице и тело, туку и со нејзината уникатност.
Периодов Вини е во Дубаи, а оттаму сподели фотки од неколку фотосесии. Можеби највпечатливи се фотографиите со сребрени бикини.
Долгоногата убавица позира на јахта и со шише шампањ.
Моделот сподели и неколку фотографии направени среде пустина.
Иако Вини изгледа одлично и вистински си ја сака работата, неодамна откри дека оваа професија и не е толку гламурозна.
Таа сподели дека на нејзината прва ревија се сопнала и си го скршила ноктот, па морала да го продолжи шоуто раскрвавена.
Истовремено, Вини вели дека иако денес е светски позната, на почетокот од кариерата имала огромни проблеми со самодовербата, особено поради нејзината коса.
Вини потекнува од Јамајка и има густа виткана коса која не е воопшто лесна за средување и дотогаш немало кој да ѝ покаже како да се грижи за неа.
Вини смета дека од сите работни обврски, најлесно ѝ е кога треба да се појави на црвениот тепих.
„Црвениот тепих ми е најлесната обврска и многу го сакам. Но, модните писти се застрашувачки! До денес, секојпат кога треба да се појавам на модната писта, во себеси повторувам ’Не се сопнувај, не паѓај‘“.
Како што спомнавме, првата ревија на којшто паднала е причината за овој страв.
„Јас ја отворив и затворив ревијата и тоа ми беше првото шоу. Носев огромни штикли со платформа украсени со скапоцени камења. Се сопнав, си го скршив ноктот и ја извалкав пистата со крв и така ја затворив ревијата“.
И покрај оваа незгода, Вини одново и одново докажува дека е одлична во својата работа и има понуди од најпознатите и најлуксузните модни брендови.
Таа се прослави благодарение на America’s Next Top Model и иако не победи, речиси веднаш по шоуто почна да добива ангажмани.
Првата ревија, на којашто се сопнала, беше во 2014 година, и оттогаш нејзината кариера оди само во нагорна линија.