Убавиот пар од „Тома“, Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина, на семејно патување - по новогодишната прослава (фото)
- Детали
- вторник, 04 јануари 2022
Среќни, вљубени и во прегратка ја дочекаа Новата година филмската Силвана Арменулиќ и докторот на фамозниот Тома Здравковиќ во филмот „Тома“, кои се брачен пар во реалноста. Сега, со дечињата уживаат на одмор во Хрватска.
Откако филмот „Тома“ се прикажуваше на малите екрани, актерите во филмот се повторно во фокусот, особено прекрасниот пар Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина.
Што прават тие периодов?
По прославата на новогодишната ноќ во ресторан со поглед кон еден од прекрасните храмови во Белград, тие со синот и ќеркичката заминаа на семејно патување покрај море.
Оттаму парот прикачува хармонични семејни фотографии, на кои се гледа дека уживаат во времето за себе како семејство.
Како дестинација за зимски одмор тие ја избраа Хрватска. Романтичниот Ровињ е само една од нивните дестинации.
Фотографии од новогодишната ноќ на парот:
https://www.instagram.com/p/CYK2b5UtvwE/
Фотографии од семејното патување во Хрватска:
https://www.instagram.com/p/CYRdEH2tFkE/
Прочитајте и Двајцата глумеа во филмот „Тома“ и се еден од најубавите српски парови - факти за Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина
С. С. | Црнобело