Што јаде Амал Клуни (43) за да ја одржи витката линија?
- Детали
- сабота, 29 јануари 2022
Супа со морски алги, салата од рукола, пица... Ова постојано е вклучено во исхраната на Амал Клуни. Како сопругата на Џорџ Клуни успева да се одржи во топ форма?
Амал Клуни (43) откако стапи во брак со холивудскиот заводник Џорџ Клуни (60) постојано е во фокусот на јавноста, а за неа речиси секогаш се коментира дека блеска на црвениот тепих.
Адвокатката и активистка за човекови права во својата кариера работела на повеќе познати случаи, меѓу кои и оној на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Со Џорџ Клуни стапи во брак во 2014-тата година, а во 2017-тата ги добија близнаците Александар и Ела.
Само неколку недели по породувањето таа ги остави сите без зборови кога се појави во јавноста и изгледаше исто како и пред бременоста.
Близнаците на Клуни веќе го прославија четвртиот роденден, а Амал речиси по секое нејзино појавување на црвениот тепих ја остава публиката без зборови, како поради елегантниот избор на облека, така и поради витката линија.
Како ѝ успева да остане во топ форма?
Доколку внимателно се погледнат интервјуата што таа ги давала низ годините може да се заклучи дека нејзината витка линија се должи на редовно вежбање и режим на исхрана.
Амал вежба пет дена во неделата. Кревање тегови, пилатес, вежбање на справи во теретана, тенис, но и пешачење. Пет пати во неделата Амал посветува време на некоја од овие активности.
Интересно е тоа што во деновите кога игра тенис тоа најчесто го прави заедно со нејзиниот сопруг Џорџ, а тој често ја придружува и во деновите кога пешачи.
Освен што редовно вежба, Амал има и строго утврдена диета. Според пишувањата во медиумите Амал на почетокот се придржуваше до медитеранска диета која вклучува лесен појадок и јајце, а во последните неколку години нејзината исхрана е малку поразновидна.
Еве како изгледа нејзиниот секојдневен план за исхрана и помеѓу кои специјалитети таа избира во зависност од оброкот:
Појадок
- Салата од рукола
- Супа од морски алги
- Варено јајце
Ручек
- Шпагети
- Ќофтиња или риба
- Пилешки гради во сос од лимон
- Ќофтиња од мисиркино месо
Ужина
- Зеленчук или крекери
Вечера
- Пица (маргарита) и салата од рукола
- Либански и индиски специјалитети
- Суши
- Италијански специјалитети
Амал и Џорџ од 2013-та година имаат сопствен готвач (Вивиана Фризи) кој е задолжен за приготвувањето на оброците на семејството.
Парот во интервју за People откри дека Вивиана речиси секоја вечер ја подготвува нивната храна и тие мошне ретко излегуваат на вечери поради близнаците.
Б. С. Б. | Црнобело