„Тука сум за да ти ја носам чантата“ – Како 17 години постариот дечко на Алесандра Амбросио јавно ја искажува љубовта?

„Секогаш сум тука да ти го носам мобилниот“, „Благословен сум што те имам“, „Те сакам затоа што си искрена и оригинална“. Вака 17 години постариот дечко на Алесандра Амбросио постојано ѝ изјавува љубов на социјалните мрежи.

tuka-sum-za-da-ti-ja-nosam-chantata-kako-17-godini-postariot-dechko-na-alesandra-ambrosio-javno-ja-iskazhuva-ljubovta-01.jpg

Алесандра Амбросио (40) новогодишните празници ги помина во Бразил, а беше „уловена“ од папараци како ужива на плажа со пријателите, но и со нејзиниот 17 години повозрасен дечко Ричард Ли (57).

tuka-sum-za-da-ti-ja-nosam-chantata-kako-17-godini-postariot-dechko-na-alesandra-ambrosio-javno-ja-iskazhuva-ljubovta-02.jpg

Познатата манекенка во минатото ги крадеше воздишките додека ги носеше моделите на светски познатиот бренд Victoria’s Secret, а во последната година речиси редовно ја гледаме заедно со нејзиното 17-годишно момче Ричард Ли со кого се заедно една година.

tuka-sum-za-da-ti-ja-nosam-chantata-kako-17-godini-postariot-dechko-na-alesandra-ambrosio-javno-ja-iskazhuva-ljubovta-04.jpg

Ричард е поранешен топ-модел, кој иако е во шестата деценија од животот, сè уште ги краде воздишките кај женската популација со своето извајано тело и одличниот изглед.

tuka-sum-za-da-ti-ja-nosam-chantata-kako-17-godini-postariot-dechko-na-alesandra-ambrosio-javno-ja-iskazhuva-ljubovta-03.jpg

Како што можевме да видиме на нејзиниот Инстаграм профил, Алесандра божиќните празници ги помина со децата Ања (12) и Ноа (8) кои ги има од бракот со бизнисменот Џејми Мазур, а новата година ја дочека со дечкото и пријателите.

View this post on Instagram

A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio)

Ричард и Алесандра не се одлепуваат еден од друг, а тој на својот Инстаграм профил речиси редовно објавува фотографии до кои јавно ѝ искажува љубов на убавата манекенка.

„Тука сум да ти го носам телефонот. Ти си најдобра“ – напиша тој до фотографијата на која се гледа дека се заедно на настан, а Алесандра веднаш му вратила во коментар со пораката: „Те сакам“.

Алесандра e домаќинка на шоуто The Cut на HBO, а Ричард на Инстаграм ја пофали и кажа дека се гордее со неа:

„Таа вработи тутор и постојано ги повторуваше сценаријата и пак најде време да оди во теретана и да се дружи со семејството и со пријателите и да ми биде туристички водич низ Бразил.

Се воодушевувам на нејзината посветеност и работна етика. Таа е вистински професионалец и беше љубезна со сите на снимањето.

Беше мошне искрена и оригинална, а тоа се нејзините најпривлечни особини. Ти си прекрасна. Благословен сум што го делиш твојот свет со мене. Те сакам“ – напиша Ричард.

Прочитајте и „Ме гушкаш и кога сум неистуширан“ – Кој е новиот, 17 години постар дечко на Алесандра Амбросио?

Погледнете повеќе нивни фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg