„Ме гушкаш и кога сум неистуширан“ – Кој е новиот, 17 години постар дечко на Алесандра Амбросио?
- Детали
- петок, 02 јули 2021
Топ моделот и некогашен ангел на Victoria's Secret, сè уште е во топ форма, а во последно време сè почесто можеме да ја видиме заедно со нејзиното ново момче Ричард Ли. Тие деновиве се заедно во Бразил.
На нејзиниот Инстаграм профил Алесандра (40) објави фотографии со нејзиниот ново момче Ричард (57) како уживаат во Лос Кабос во Мексико.
По одморот во Мексико, Алесандра објави нови фотографии од Бразил.
„Директно од Сао Паоло, Бразил“ – напиша таа до фотогарфиите.
Дополнително Алесандра и Ричард беа забележани од фотографи како уживаат во вечерна прошетка со сладолед.
Неколку часа пред прошетката Ричард на Инстаграм ја искажа својата љубов за Алесандра. Тој објави цела песна која што ѝ ја посвети неа.
„Ти, Алесандра, си мојата љубов. Ме проверуваш кога сум на каучот, се гушкаш со мене и кога не сум истуширан, ме разбираш и кога не те разбирам. Ние сме љубов“ – напиша меѓу другото тој, а за крај ја искажа својата љубов и на нејзиниот мајчин португалски јазик.
Инаку, Ричард Ли е поранешен топ модел. Тој има 57 години и се држи во одлична форма.
Откако претходно во март годинава потврдија дека се во врска, фотографите често ги наоѓаат како разменуваат нежности во јавност.
Тие заедно го прославија 40-иот роденден на Алесандра, а на вечерата присуствуваа и нејзините две деца од поранешниот свршеник Џејми Мазур.
Повеќе фотографии од парот погледнете во галеријата во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело