Зависности, психоза, хоспитализации: Трагичните детали од дневникот на Авичи, пред да си го одзеде животот на 28 години
- Детали
- четврток, 30 декември 2021
Шведскиот диџеј го маѓепса светот, а многу фанови имаше и во Македонија. За жал, не успеа да се избори со зависностите и со внатрешните демони. Неговиот дневник сега е отворен за јавноста со сите детали.
Дневникот на Авичи ги откри демоните со кои диџејот се соочувал пред да си го одзеде животот во април 2018 година, на 28-годишна возраст.
Неговите записи осамнаа во јавноста поради книгата „The Official Biography of Avicii“ која ги открива битките со зависности на Авичи, а која ќе биде објавена наредниот месец.
Неговото вистинско име е Тим Берглинг, потекнува од Шведска. За креирање на оваа книга е разговарано со родителите на Авичи, со пријателите, колегите, поранешните девојки итн.
Во дневникот има детали за рехабилитација, болнички престои, зависност од лекарства и алкохол, пред да си го одзеде животот на одмор со пријатели во Оман, две години откако се повлече од фокусот на јавноста.
Дел од деталите од неговиот дневник:
Средно училиште: Го пробал првиот џоинт и стравувал дека развил психоза, но разговори со детски психолог му ги смириле стравовите.
Јануари 2012: Ѕвездата на 22-годишна возраст заврши во болница по развивање на сериозен панкреатитис, предизвикан од претерано консумирање на алкохол и лекови.
Февруари 2013: Повторно е хоспитализиран, по посета на Австралија, откако почувствувал сериозна болка поради повторно воспаление на панкреасот. Tребало да има операција, но одбил поради неговиот густ распоред.
2014: Повторно е хоспитализиран и имал операција.
2014: Неговото семејство се обидува да го одвикне од зависноста од лекови за болка, но тој бега во Лос Анџелес и наоѓа приватен доктор кој продолжува да му ги препишува.
2014: Повторно завршува во болница на чистење на стомакот од прекумерна употреба на алкохол и лекови.
2015: Семејството на диџејот прави интервенција за спас на диџејот и го носат на рехабилитација во врвна клиника на Ибица, каде неделно престојот е 13.400 долари.
2016: По настапот на фестивалот во Мајами „Miami's Ultra Music Festival“, тој одлучува да се збогува со сцената за да се соочи со своите проблеми. Истата година го организира своето последно шоу.
2017: Во документарниот филм „Avicii: True Stories“ отворено говори за својата состојба.
2018: Авичи оди на патување за медитација, но за жал психичката состојба му се влошува и си го одзема животот.
Светот уште не може да се помири со загубата на големиот уметник. Изгубивме блескава музичка ѕвезда, но среќни сме што ја имавме.
С. С. | Црнобело