Познати дами кои одлучија да стареат природно, без корекции и операции на лицето
Менди Мур
Актерката и пејачка неколкупати е „обвинета“ дека има направено операција на носот.
На овие гласини, таа само се насмеа нагласувајќи дека нејзиното нос е далеку од совршен и ако би правеле операција, сигурно не би го оставила таков.
Ема Томпсон
Ема е остар противник на пластичните операции и корекциите на лицето. Таа смета дека ниту една пластична операција не изгледа добро.
Кејт Бекинсејл
Актерката има изјавено дека планира да остари природно и не ни помислува да оди под нож.
Наводно, нејзе воопшто не ѝ се допаѓа кога жените целосно го менуваат изгледот на нивното лице и вели дека многу повеќе сака да изгледа како мајка ѝ отколку како потполно друга личност.
Лив Тајлер
Познатата актерка тврди дека никогаш нема да направи пластична операција или каква било корекција на лицето.
Слично како Кејт, и на Лив не ѝ се допаѓа кога некој целосно си го менува личниот опис.
Џенифер Анистон
Иако Џенифер има направено пластична операција на носот, тоа не е од естетски, туку од здравствени причини бидејќи имала отежнато дишење.
Актерката нема ништо против корекциите на лицето, но вели дека не ги преферира за себе. Наместо тоа, таа го одржува младешкиот изглед со масажи и квалитетни продукти за нега на лице.
Спирова С. | Црнобело