Познати дами кои одлучија да стареат природно, без корекции и операции на лицето
- Детали
- недела, 02 јануари 2022
Клаудија Шифер вели дека многу повеќе се плаши од инјекциите со ботокс отколку брчките, па не планира да прави никакви корекции на лицето.
Иако операциите и разните корекции на лицето станаа норма во Холивуд, голем дел од познатите дами одбиваат да ги користат.
Повеќето од нив немаат ништо против ваквите корекции и воопшто не ги осудуваат оние кои прават, но сметаат дека за нив е многу подобро да стареат природно.
Како изгледаа дел од овие познати дами во младоста, а како изгледаат денес (или пред година-две):
Клаудија Шифер
Познатиот супермодел тврди дека нема направено корекции на лицето, а во една прилика изјави дека многу повеќе се плаши од инјекциите со ботокс отколку од брчките.
Клаудија има споделено и дека никогаш не би направила операција, најмногу бидејќи ризикот е голем и не може со сигурност да знае какви ќе бидат последиците.
Супермоделот смета дека сите тебе да го прифатат своето лице и неговите промени кои доаѓаат со годините.
Џулија Робертс
Актерката не сака ботокс и пластични операции, па дури има изјавено дека ги сожалува жените кои го прават тоа.
Според актерката, овие корекции не им дозволуваат на жените да го видат нивното вистинско лице.
Џенифер Лопез
Постојат многу шпекулации дека Џеј Ло користи филери, особено на челото, но пејачката ги негира.
Таа вели дека, едноставно, само така изгледа и за неа било бесмислено да прави корекции бидејќи се чувствува одлично во своја кожа.
Кога ќе се земе предвид дека Џеј Ло води активен живот и навистина се грижи за своето здравје, не е ни чудно што изгледа младолико, наводно без корекции.
Мерил Стрип
Актерката е против пластични операции, но само затоа што смета дека ризикот од нив е преголем.
Таа нема ништо против корекциите што си ги прават другите жени, но смета дека за една актерка, корекциите не се најдобар избор бидејќи ќе ѝ го скријат вистинското лице.
Џилијан Андерсон
Џилијан изгледа навистина младолико за нејзина возраст, поради што постојат шпекулации дека можеби има направено некоја корекција.
Сепак, актерката тврди дека ова не е точно, па дури изјави и дека е згрозена што луѓето се осмелуваат да шират такви невистини за некого.