Данијела Мартиновиќ во скут кај родителите, Парис Хилтон во секси долна облека – како славните го прославија Божиќ 2021?
- Детали
- понеделник, 27 декември 2021
Светските ѕвезди изминатиот викенд ги прославија божиќните празници, а кај нас во регионот божиќни честитки упатија и хрватските познати личности. Со фотографии на социјалните мрежи славните ни покажаа како ги прославуваат семејните празници.
На социјалните мрежи славните личности од светот, но и од регионот упатија честитки по повод католички Божиќ.
Забележително, Северина Божиќ го помина сама, но со голем број „патокази“ околу неа што ја прават среќна. Семејството Кардашијан во нецелосен состав, а Криси Тајген и Џон Леџенд накиснаа до гола кожа.
Во домашна атмосфера со најблиските, во лунапарк со семејствата или пак сами - како славните ги прославија божиќните празници?
Северина на својот Инстаграм објави фотографија до која напиша:
„Среќен Божиќ, Ви посакувам многу ’патокази‘ во животот што ве прават среќни… Мене ми недостасуваа прозорци“.
Данијела Мартиновиќ ги прослави божиќните празници со семејството и објави заедничка фотографија со родителите.
„Само едно место е Дом – Љубов“ – напиша таа до фотографијата.
Антонија Шола објави фотографија со нејзиното момче Марио Регеља.
„Среќен Божиќ и од нас“ – напиша кратко до фотографијата.
https://www.instagram.com/p/CX4buaHMxHV/?utm_source=ig_web_copy_link
Ким Кардашијан објави заедничка фотографија на која е заедно со нејзините четири деца, мајка ѝ Крис Џенер и сестрата Клои Кардашијан и нејзината ќерка Тру, како и ќерката на Роб Кардашијан, Дрим.
„Среќен Божиќ“ – напиша.