Бен Афлек се обидувал да ја освои Џеј Ло уште додека беше со Алекс Родригез + зошто се двоумел дали да ѝ се врати?

Гласините за Бен Афлек и Џеј Ло почнаа кон крајот на април, а набрзо потоа тие ја потврдија врската. Тие биле во контакт со години, а актерот пробувал да ја освои уште пред таа да се раздели од Алекс Родригез. Но сепак, се двоумел дали воопшто да ѝ се врати.

ben-aflek-se-obiduval-da-ja-osvoi-dzhej-lo-ushte-dodeka-beshe-so-aleks-zoshto-se-dvoumel-dali-da-se-vrati-01.jpg

Во контроверзното интервју со Хауард Стерн каде што ја нападна бившата сопруга Џенифер Гарнер, Бен Афлек откри и дека се двоумел дали да ѝ пријде на Џеј Ло со цел повторно да ја освои.

Актерот и пејачката повторно почнаа да се гледаат кратко откако Џеј Ло раскина со Алекс Родригез. Сепак, Бен иако сакал да биде со неа, не бил сигурен дали тоа е вистинската одлука.

ben-aflek-se-obiduval-da-ja-osvoi-dzhej-lo-ushte-dodeka-bila-so-aleks-zoshto-se-dvoumel-dali-da-se-vrati-02.jpg

Наводно, актерот стравувал дека со Џеј Ло повторно ќе бидат во центарот на вниманието како и претходно. Додека тој би можел да го поднесе тоа, не сакал неговите деца да се справуваат со медиумите и папараците.

„Се двоумев, нормално. Мојата најголема одговорност се моите деца. Не сакам да направам ништо деструктивно или лошо за нив.

Мојот живот има влијание врз нив. Јас и нивната мајка сме познати личности. Тоа е тешко, тоа е огромен товар за нив“.

ben-aflek-se-obiduval-da-ja-osvoi-dzhej-lo-ushte-dodeka-bila-so-aleks-zoshto-se-dvoumel-dali-da-se-vrati-11.jpg

Актерот изјави дека разводот со Џенифер Гарнер бил главна тема на зборување, а ова дефинитивно имало лошо влијание врз нивните деца.

Истовремено, кога тој и Џеј Ло беа заедно пред 17-тина години, вниманието од медиумите и тогаш било проблем.

Всушност, Џеј Ло неколкупати има нагласено дека вниманието од јавноста и медиумите дефинитивно имало удел во нивната разделба.

„Го сакам Бен, тој е одлична личност, но за нас двајцата беше премногу. Бевме на насловната страница на секој магазин секоја недела и ова беше многу чудно за нас. Мислам дека нашата врска страдаше поради тоа.

Нормално, тоа не е единствената причина. Не ги обвинувам медиумите за ништо, но сето ова дефинитивно имаше голем удел во динамиката на нашата врска“, изјави пејачката во 2010 година.

ben-aflek-se-obiduval-da-ja-osvoi-dzhej-lo-ushte-dodeka-bila-so-aleks-zoshto-se-dvoumel-dali-da-se-vrati-05.jpg

Иако се разделиле, Бен и Џеј Ло сепак останале во контакт сите овие години. Всушност, Бен и доста често ѝ даваше комплименти на Џеј Ло кои се зачестија во периодот пред да се смират.

Во 2013-та, пак, пејачката сподели дека уште се во контакт со актерот, најчесто преку мејлови.

„Се движиме во истите кругови. Го гледам. А, светот не мора да знае дека го гледам. Најчесто комуницираме преку мејл“.

ben-aflek-se-obiduval-da-ja-osvoi-dzhej-lo-ushte-dodeka-bila-so-aleks-zoshto-se-dvoumel-dali-da-se-vrati-04.jpg

Во 2020-та, околу една година пред повторно да ѝ дадат шанса на врската, Бен Афлек ја искористи можноста да ја пофали Џеј Ло, истакнувајќи дека таа заслужила номинација за Оскар за изведбата во филмот Hustlers.

„Требаше да биде номинирана. Одлична е. Одвреме-навреме сум во контакт со неа и многу ја почитувам. Нели е прекрасно што го сними нејзиниот најголем филм на 50 години?“

Неколку месеци подоцна, актерот сподели дека медиумите пишувале расистички коментари за Џеј Ло додека биле заедно во 2000-тите и ја бранеше, нагласувајќи дека некој би можел да биде тужен денес ако напише нешто такво.

ben-aflek-se-obiduval-da-ja-osvoi-dzhej-lo-ushte-dodeka-bila-so-aleks-zoshto-se-dvoumel-dali-da-se-vrati-11.jpg

Кратко пред да ја обноват врската, актерот не штедеше комплименти за трудољубивоста на пејачката, но и за нејзиниот изглед.

Прочитајте повеќе: Бен Афлек јавно ѝ се додворува на бившата Џеј Ло: „Како е можно да изгледаш исто како во 2003-та?“

ben-aflek-se-obiduval-da-ja-osvoi-dzhej-lo-ushte-dodeka-bila-so-aleks-zoshto-se-dvoumel-dali-da-se-vrati-06.jpg

Парот нема откриено што точно се случило и што ги натерало да се смират, но наводно Бен Афлек почнал да флертува со неа уште додека таа била со Алекс Родригез.

Според гласините, актерот почнал почесто да ѝ праќа пораки на пејачката веднаш штом се појавиле гласините за неверството на Алекс на почетокот од годинава.

Најпрво комуникацијата била од пријателски карактер, но постепено прераснала во нешто повеќе.

Наводно, актерот сфатил дека свршувачката на Џеј Ло не е најстабилна, па го искористил моментот да ја придобие.

Кога таа се раздели од Алекс, не помина ни еден месец пред да се појават првите гласини дека му се вратила на Бен.

ben-aflek-se-obiduval-da-ja-osvoi-dzhej-lo-ushte-dodeka-bila-so-aleks-zoshto-se-dvoumel-dali-da-se-vrati-03.jpg

Кога станува збор за контроверзно интервју со Хауард Стерн, извори тврдеа дека Џеј Ло е гневна на актерот за понижувањето на поранешната сопруга.

Но, во ексклузивна изјава за People, Џеј Ло ги негира изјавите:

„Тоа не е воопшто точно. Имам огромна почит кон Бен како татко, родител и како личност“.

ben-aflek-se-obiduval-da-ja-osvoi-dzhej-lo-ushte-dodeka-bila-so-aleks-zoshto-se-dvoumel-dali-da-se-vrati-10.jpg

Во меѓувреме, Бен и Џеј Ло се подготвуваат за првиот заеднички Божиќ. Извори блиски до пејачката велат дека ова е нејзиниот омилен празник и едвај чека да го помине со Бен.

Деновиве Џеј Ло беше забележана и на празничен шопинг со ќерката Еме.

ben-aflek-se-obiduval-da-ja-osvoi-dzhej-lo-ushte-dodeka-bila-so-aleks-zoshto-se-dvoumel-dali-da-se-vrati-07.jpg

ben-aflek-se-obiduval-da-ja-osvoi-dzhej-lo-ushte-dodeka-bila-so-aleks-zoshto-se-dvoumel-dali-da-se-vrati-08.jpg

ben-aflek-se-obiduval-da-ja-osvoi-dzhej-lo-ushte-dodeka-bila-so-aleks-zoshto-se-dvoumel-dali-da-se-vrati-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg