Ги крие децата од јавноста, до 16 години нема да им даде телефон – Каква мајка е Пенелопе Круз?

За разлика од голем број познати личности чиишто деца од најмала возраст се во фокусот на јавноста и имаат сопствени профили на социјалните мрежи, Пенелопе Круз и Хавиер Бардем се мошне строги и на сопствените деца (8 и 10) не им дозволуваат воопшто да имаат телефони.

znam-deka-sum-malcinstvo-no-mobilnite-telefoni-na-moite-deca-im-se-zabraneti-kakva-majka-e-penelope-kruz-01.jpg

Хавиер Бардем (52) и Пенелопе Круз (47) се во брак од 2010-тата година, а заедно имаат две деца, синот Лео (10) и ќерката Лена (8).

znam-deka-sum-malcinstvo-no-mobilnite-telefoni-na-moite-deca-im-se-zabraneti-kakva-majka-e-penelope-kruz-02.jpg

Тие ретко говорат за сопствените деца во јавноста, ги кријат од медиумите, но затоа често говорат за тоа дека се мошне посветени родители и се обидуваат во целост да ги заштитат сопствените деца.

znam-deka-sum-malcinstvo-no-mobilnite-telefoni-na-moite-deca-im-se-zabraneti-kakva-majka-e-penelope-kruz-03.jpg

Во продолжение проследете неколку интересни изјави што говорат за тоа какви родители се Пенелопе и Хавиер:

Забрана за социјални мрежи и мобилни телефони

Актерката во гостување во CBS Sunday Morning говореше за тоа како се обидува да ги заштити децата од социјалните мрежи и интернетот.

„Имам чуден однос со социјалните мрежи и ги користам мошне внимателно. Има нешто што не ми е логично кај нив и сметам дека особено се погодени помладите генерации.

znam-deka-sum-malcinstvo-no-mobilnite-telefoni-na-moite-deca-im-se-zabraneti-kakva-majka-e-penelope-kruz-04.jpg

Се чувствувам лошо особено за оние што се тинејџери во овој период. Наликува како светот да извршува некој вид на експеримент врз нив. ‘Ајде да видиме што ќе се случи ако изложите 12-годишно дете на толку многу технологија’“ – вели Пенелопе.

znam-deka-sum-malcinstvo-no-mobilnite-telefoni-na-moite-deca-im-se-zabraneti-kakva-majka-e-penelope-kruz-05.jpg

Според неа нема никаква заштита за 12-годишните деца што се вклучуваат на социјалните мрежи.

„Нема никаква заштита за нив, за нивните мозоци што сѐ уште се развиваат, за начинот на којшто се гледаат себеси и се изложени на малтретирање (булинг). Тоа воопшто не наликува на нашето детство“ – вели Пенелопе.

znam-deka-sum-malcinstvo-no-mobilnite-telefoni-na-moite-deca-im-se-zabraneti-kakva-majka-e-penelope-kruz-06.jpg

Таа додаде дека е мошне строг родител и дека понекогаш им дозволува на децата да гледаат филмови или цртани филмови, но постои едно правило од кое не планира да отстапи:

„Нема да им дозволам да имаат мобилни телефони сѐ додека не се повозрасни, а нема да имаат пристап ниту до социјални мрежи додека не наполнат 16 години.

Според мене, на тој начин го штитам нивното ментално здравје, но изгледа дека сум малцинство. Не знам“ – вели таа.

znam-deka-sum-malcinstvo-no-mobilnite-telefoni-na-moite-deca-im-se-zabraneti-kakva-majka-e-penelope-kruz-07.jpg

Пенелопе посакувала да биде мајка од дете

Пенелопе во минатото говореше за мајчинството па откри дека уште од најмала возраст посакувала да биде мајка.

„Сакав да бидам мајка уште кога бев мало девојче. Секогаш од Дедо Мраз барав кукли бебиња и секогаш си играв мајка.

Но, неверојатно е тоа што се случува кога ќе го видиш сопственото дете за првпат, знаеш дека во целиот остаток од животот ќе го гледаш светот поинаку, затоа што секогаш прво ќе мислиш за некој друг“ – рече таа.

znam-deka-sum-malcinstvo-no-mobilnite-telefoni-na-moite-deca-im-se-zabraneti-kakva-majka-e-penelope-kruz-08.jpg

Намален ангажман, а за викендите мора да биде дома

Откако стана мајка, Пенелопе значајно го намали сопствениот филмски ангажман, па наместо 3 или 4 филмови годишно како што тоа го правеше во минатото, сега снима само по еден, а во нивното семејство важи правилото дека за викендите треба да бидат дома заедно со децата.

„Секогаш бев на снимање и секогаш играв некој нов лик и не се чувствував многу среќна. Не уживав во работата толку многу... Одев од снимање на снимање. Никогаш не бев дома и немав живот.

Тоа го променив пред 6 години, затоа што не се чувствував среќна. Мора да имаш време за себеси и кога стануваш мајка тоа дополнително ги менува нештата“  - рече Пенелопе во интервју во 2015-тата година.

znam-deka-sum-malcinstvo-no-mobilnite-telefoni-na-moite-deca-im-se-zabraneti-kakva-majka-e-penelope-kruz-09.jpg

„Семејството е најважната работа за мене... И ако сакате деца, сакате да ги одгледате сами“ – рече таа.  

Наместо забави и излегување сака да си легне рано

Таа претходно говореше и за тоа дека мошне ѝ е важно да спие по седум часа дневно за да се чувствува одморено, па дури откри дека поради тоа што мора да стане рано заради децата, најчесто избегнува да излегува навечер или да оди на забави, а наместо тоа, се труди да си легне рано.

„Ако не спијам барем седум часа, тоа го чувствувам подоцна. Губам концентрација, станувам раздразлива. Тоа е најтешко кога имате деца – мора да станете рано.

Да одам на вечера или да си легнам? Ако излезам, како ќе се чувствувам утре? Затоа сонот секогаш победува. Претпочитам да му дадам приоритет на одморот за да можам да бидам фокусирана и силна следниот ден“ – вели таа.

znam-deka-sum-malcinstvo-no-mobilnite-telefoni-na-moite-deca-im-se-zabraneti-kakva-majka-e-penelope-kruz-10.jpg

Прочитајте и Не ги покажуваат децата, сакаат улоги во ист филм – Факти за Пенелопе Круз и Хавиер Бардем

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg