„Не сакаме да го гледаме ова“ – Тревис ѝ ги бакнува нозете на Кортни, фановите згрозени
- Детали
- понеделник, 20 декември 2021
По „порно“ фотките од одмор, сега ѝ ги бакнува нозете. Свршеникот на Кортни Кардашијан, Тревис Баркер објави фотографија на социјалните мрежи, со која покажа што сака да добие за Божиќ – стапалата на Кортни. Но, фановите не се премногу импресионирани.
Како што може да се види од фотографијата што нејзиниот свршеник Тревис Баркер (46) ја објави на Инстаграм, Кортни Кардашијан (42) продолжува со традицијата за објавување фотографии со идентични пижами што во минатото ја негуваше и со нејзиниот поранешен партнер Скот Дисик, со кого има три деца.
Прочитајте и Скот не успеа да ја круниса љубовта со Кортни 9 години, Тревис ја побара за 1 година – нови фотки и критики за парот
Сепак, наместо класична семејна фотографија со идентични пижами, следбениците на Кортни и Тревис имаа можност во прв план да ги видат стапалата на Кортни и по еден дел од нивните црвени пижами со животински принт.
„Сè што сакам за Божиќ“ – напиша Тревис до фотографијата.
По „порно“ фотографиите од одмор на кои Кортни беше во смело бикини, ова е уште една од фотографиите со кои Кортни и Тревис сакаат да покажат колку многу се вљубени еден во друг. Но, голем дел од нивните следбеници на Инстаграм не сметаат дека ова е романтичнo.
„Некои работи не мора да ги видиме“, „Да не ѝ ги мирисаш стапалата?“, „Те молам престани“, „Зошто?“ – се дел од коментарите од следбениците на Инстаграм што останаа згрозени од најновата фотографија.
Претходно, како што објавуваа на своите профили на социјалните мрежи Кортни и Тревис беа во посета на Дизниленд, заедно со 7-годишниот син на Кортни, Рејн и 18-годишниот син на Тревис, Ландон.
„Најсреќното место на Земјата, за време на Божиќ“ – напиша Кортни до фотографиите.
Освен што е добар партнер, се гледа дека Тревис е одличен и со децата на Кортни, па таа тоа го покажа објавувајќи и фотографија на која се гледа како го носи на вратот нејзиниот 7-годишен син.
Дополнително, Кортни на Инстаграм Стори објави интересни фотографии од нивната Elf on the Shelf недела. Во првата фотографија тие ги известуваат трите деца на Кортни, Мејсон (42), Пенелопи (9) и Рејн (7) дека џуџињата се во карантин и нема да можат да ги посетуваат, а другите фотографии се од декорациите направени со џуџиња во тегли со маски и лекови.
Инаку, Elf on the Shelf е понова божиќна традиција во САД, според која пред Божиќ, секоја вечер џуџињата ги посетуваат децата и му даваат извештај на Дедо Мраз дали биле мирни.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од нивното патување во Дизниленд:
Б. С. Б. | Црнобело