Момче (19) работи како обезбедување во клубови и се жали: „Пијани девојки се обидуваат да ме соблечат“
- Детали
- петок, 17 декември 2021
Момче кое работи како обезбедување во клубови во Англија се пожали дека секоја вечер е жртва на сексуално малтретирање од девојки кои го допираат за половиот орган или се обидуваат да му ги откопчаат панталоните.
Чарли Џир (19) на својот ТикТок профил објави видео во кое говори дека мошне често им се случува на момчињата што работат во ноќни клубови да бидат жртви на сексуално малтретирање.
Како што вели сите говорат за малтретирањето на жените и на девојчињата, а речиси никој не говори за малтретирањето на момчињата.
Чарли е студент по економија, што во слободното време работи како обезбедување во локални барови и ноќни клубови.
Како што вели во еден клуб каде што работи, често се случува пијаните девојки да се качуваат на столчиња и маси, а речиси секој пат кога ќе оди да ги предупреди да слезат од инвентарот, станува жртва на сексуална злоупотреба.
„Секоја вечер ми се случува без моја согласност да ме допираат по десетпати на интимните делови од телото“ – вели тој.
https://www.instagram.com/p/CPgydG2nwLC/?utm_source=ig_web_copy_link
Како што посочува, пред да почне да работи во ноќни клубови, му кажувале дека и тоа може да му се случи, но не очекувал дека буквално секоја вечер кога работи ќе се соочува со истите проблеми.
„Работам како обезбедување во последната година и во тој период безброј пати ми се случило жени да дојдат и да се обидат да ми ги соблечат панталоните или да ме допираат во интимните делови“ – вели тој.
Неговото видео е прегледано над 1,6 милиони пати, а предизвика и голем број коментари, од типот:
„Затоа што тој е момче, коментарите се од типот ’тоа не е сексуално злоупотребување‘, или, ’Ова е смешно‘“, „Жално е кога мажите треба да користат фрази од типот ’замислете тоа да ѝ се случи на некоја девојка‘ за луѓето да ве разберат“, „Никој не говори за злоупотребите на мажите во клубовите или баровите“.
Погледнете го видеото на Чарли:
@charliejeer ##stitch with @sam_d0ll respect people when they’re working ?? ##security ##doorman ##clubbing
♬ Tequila - Original Version - Rodriguez
Б. С. Б. | Црнобело