Од мала живее на висока нога – Норт Вест (8) ја покажа колекцијата чанти, вредна илјадници долари

Најстарата ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест ја покажа колекцијата со чанти, каде може да се забележат ретки „парчиња“ вредни и по околу 6.000 долари и „класици“ од 10.000 долари.  

najstarata-kjerka-na-kim-kardashijan-ja-pokazha-kolekcijata-so-chanti-klasici-od-birkin-vredni-nad-10-000-dolari-01.jpg

Мини чанти од Louis Vuitton, Fendi и Christian Dior, колекционерски изданија од Judith Lieber што чинат по околу 6.000 долари парче... 

Вака изгледа гардароберот за чанти на 8-годишната Норт Вест, најстарата ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест.

nort-tashni-1-2.jpg

Норт Вест се роди во 2013-тата година, а Ким и Канје оттогаш па наваму ја опсипуваат малата Норт со скапи подароци.

Норт е позната по тоа што ја наследила љубовта за модата на нејзините родители, а често во јавноста се појавува во скапи дизајнерски парчиња облека и секако со дизајнерска чанта.

Погледнете и: Облека вредна 1 милион долари: Најскапите модни парчиња кои Норт Вест некогаш ги носела

najstarata-kjerka-na-kim-kardashijan-ja-pokazha-kolekcijata-so-chanti-klasici-od-birkin-02.jpg

Таа неодамна на ТикТок профилот што го дели заедно со нејзината мајка Ким, сама објави видео во кое може да се види нејзината импресивна колекција чанти.  

najstarata-kjerka-na-kim-kardashijan-ja-pokazha-kolekcijata-so-chanti-klasici-od-birkin-03.jpg

Видеото најверојатно не било одобрено од страна на нејзината мајка Ким, па беше избришано од ТикТок, но фотографиите зачувани од него кружат во медиумите и на социјалните мрежи, а на нив може да се види дека чантите на Норт чинат вистинско богатство.

Во видеото може да се забележат мини чанти од Lоuis Vuitton, Fendi и Christian Dior.

Освен тоа, забележителни се и колекционерските изданија од Judith Lieber со кочијата од Пепелашка и парче пица, што се продаваат по цена од 5.695 долари, а исто така се забележува и „класична“ чанта од Hermes Birkin, што чини над 10.000 долари.

najstarata-kjerka-na-kim-kardashijan-ja-pokazha-kolekcijata-so-chanti-klasici-od-birkin-05.jpeg

najstarata-kjerka-na-kim-kardashijan-ja-pokazha-kolekcijata-so-chanti-klasici-od-birkin-06.jpeg

Норт уште од најрана возраст беше мини верзија на нејзината мајка Ким Кардашијан, па и во минатото честопати била фотографирана со скапи дизајнерски чанти.

Постари фотки од појавувања на Норт со дизајнерски чанти:

najstarata-kjerka-na-kim-kardashijan-ja-pokazha-kolekcijata-so-chanti-klasici-od-birkin-08.jpg

najstarata-kjerka-na-kim-kardashijan-ja-pokazha-kolekcijata-so-chanti-klasici-od-birkin-09.jpg

najstarata-kjerka-na-kim-kardashijan-ja-pokazha-kolekcijata-so-chanti-klasici-od-birkin-10.jpg

najstarata-kjerka-na-kim-kardashijan-ja-pokazha-kolekcijata-so-chanti-klasici-od-birkin-11.jpg

najstarata-kjerka-na-kim-kardashijan-ja-pokazha-kolekcijata-so-chanti-klasici-od-birkin-12.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Каков татко - таква ќерка: Канје Вест ги замени забите со титаниумска вилица, а Норт се пофали со ск... Истиот ден кога Канје се пофали со нова вилица, поскапа од дијаманти, ќерка му п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg