Бремената Џорџина без Роналдо ги однесе децата на патување од соништата на Северниот Пол (фото)
- Детали
- понеделник, 13 декември 2021
Возење на санка влечена од ирваси, прошетка во леденото царство на Дедо Мраз на Северниот Пол - бремената Џорџина Родригез им го оствари сонот на нејзините деца.
Сонот на секое дете за време на божиќните празници е да го посети леденото царство на Дедо Мраз, а Џорџина Родригез одлучи да го оствари сонот на нејзините деца.
Бремената партнерка на Кристијано Роналдо (36), Џорџина Родригез (27) по повод празниците ги однесе четирите деца на Северниот Пол.
Возење со санка влечена од ирваси, игра со ирваси и прошетки низ леденото царство на Дедо Мраз…
Џорџина објави повеќе фотографии на Инстаграм преку кои на своите следбеници им овозможи да видат како изгледа нивното патување.
„Со љубов од Северниот Пол“ – напиша Џорџина до фотографиите.
Претходно Џорџина објави фотографии како заедно со децата тргнуваат на патување со луксузниот приватен авион на Роналдо вреден околу 25 милиони долари.
„Одиме на патување од соништата“ – напиша таа во описот.
Инаку, како што претходно објавија, Џорџина Родригез во моментов е бремена со близнаци, а таа се грижи и за четирите деца на Роналдо: синот Кристијано Џуниор (11), близнаците Ева и Матео (4) добиени од сурогат-мајка и нивната ќерка Алана што неодамна го прослави 4-иот роденден.
Погледнете повеќе фотографии од патувањето во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело