Машин Ган Кели објави бизарна фотка како го цица пијавица + откри: „Се борам со менталното здравје“
- Детали
- петок, 10 декември 2021
Машин Ган Кели објави бизарно видео на кое се гледа дека пијавици му цицаат крв, а во гостувањето кај Дру Баримор искрено проговори за сопственото ментално здравје и откри дека неговите насмевки се наменети за публиката, иако многупати не му било до смеење.
Машин Ган Кели (31) гостуваше кај Дру Баримор за да ја промовира својата нова линија на унисекс лак за нокти и додека ја лакираше познатата актерка, тој се отвори и проговори за сопственото здравје.
„Мислам дека за мене е нешто ново да говорам за сопствените чувства, а тоа да не е во некоја од моите песни.
Гледам голем број фотографии од себеси на кои се смеам и навистина ми е чудно затоа што знам дека тој ден не сум се чувствувал добро и некако ми е смачено да се смеам кога не ми е дојдено до смеење.
Од друга страна чувствувам притисок, затоа што не сакам моите обожаватели да мислат дека ги земам „здраво за готово“ па со насмевка на лицето ги земам наградите, но зад сцените имам проблеми“ – рече музичарот.
Тој вели дела голем дел од она што го прави е за другите луѓе и дека „си нема дадено себеси доволно време за да прифати дека „е во ред да не си во ред“.
Машин Ган Кели чие вистинско име е Колсон Бејкер во минатото говореше за сопственото ментално здравје. Во 2020-та година во интервју за магазинот Interview тој говореше за својата борба со анксиозноста:
„Во моментов мојот лек е среќата и посветеноста на уметноста, наместо посветеноста кон порокот што верував дека ја креира уметноста. Преземам чекори. Минатиот четврток за првпат бев на терапија.
Тоа е првпат воопшто да одам на терапија. Морам да направам разлика помеѓу две личности, кој е Машин Ган Кели, а кој е Колсон Бејкер, а таа дихотомија е мошне интензивна за мене“ – изјави тогаш музичарот.
Претходно Машин Ган Кели на Инстаграм Стори објави бизарно видео со пијавици што го цицаат на градите.
„Овие пријатели цицаат“ – напиша тој на фотографијата.
Во медицината пијавиците може да се користат за подобрување на крвната циркулација на некои делови од телото.
Пијавиците најчесто се користат доколку има потреба за отстранување на засирена крв на некои проблематични делови на телото, секако, не на своја рака. Машин Ган Кели досега не прокоментирал дали користи ваква терапија.
Погледнете го видеото од гостувањето на Машин Ган Кели кај Дру Баримор:
Б. С. Б. | Црнобело