Ново бизарно појавување на Меган Фокс и Машинг Ган – се влечат со синџир закачен на нивните нокти (фото)
- Детали
- понеделник, 06 декември 2021
Машин Ган Кели и Меган Фокс не престануваат да изненадуваат со нивните невообичаени изданија, но сега дефинитивно го достигнаа врвот – тие се појавија врзани со синџир закачен на нивните нокти на промоцијата на новата колекција лакови за нокти на музичарот.
Меган Фокс и Машин Ган Кели се неразделни откако ја почнаа врската минатата година, а сега решија да ја покажат нивната приврзаност со бизарен моден детаљ.
На лансирањето на новата колекција лакови за нокти на Машин Ган Кели, тој и Меган пристигнаа во складни комбинации, облечени во црно од глава до пети.
Покрај длабокото деколте на Меган, можеби најмногу внимание привлекуваше нивниот заеднички моден детаљ.
Музичарот и актерката беа „врзани“ еден за друг со долг сребрен синџир закачен на нивните нокти.
Парот гордо позираше со бизарниот детаљ и иако на почетокот на промоцијата беа буквално неразделни, потоа сепак го откачија синџирот.
Познатиот музичар имаше и друг необичен детаљ – ментален украс на неговата уста, кој пак одлично одговараше со необичната метална чанта на Меган.
За Машин Ган Кели е добро познат факт дека сака да користи лакови за нокти, а сега решил да направи и своја линија.
Според интервју за W Magazine, музичарот вели дека почнал да експериментира со лакови за нокти уште во средно училиште, а со текот на времето почнал да си прави и разни дизајни.
https://www.instagram.com/p/CXIEJ6vlp6S/
Спирова С. | Црнобело