Сопругот на Сара Џесика Паркер го нарекуваат „убиец на слобода“ – Познати личности со криминално досие
- Детали
- среда, 24 ноември 2021
Фелисити Хофман платила 15.000 долари мито за нејзината ќерка да биде примена на престижен универзитет, а инцидентот остана запомнет како најголемиот скандал поврзан со факултетското образование во САД.
Можеби некогаш познатите мислат дека навистина се над законот и можат да прават што и да посакаат, но, како што заклучил Бруно Марс по неговото прво апсење, славата и успехот можат да исчезнат во секој миг.
Голем број славни имале проблеми со законот – некои за помали, некои за поголеми прекршоци – и скоро сите требало да си ја платат цената за нивната непослушност.
Кои познати личности имале судир со законот?
Бруно Марс
Во 2010 година, Бруно Марс беше уапсен откако полицијата пронашла над 2,5 грама кокаин во неговата хотелска соба во Лас Вегас.
Бидејќи сите докази укажувале дека дрогата е негова, Бруно на крај ја признал вината.
Пејачот си заработи парична казна од 2.000 долари, како и 200 часа општокорисна работа.
Бруно ја платил казната и ги одработил потребните часови, а подоцна изјави дека тој инцидент го натерал да сфати дека во секој момент може да ги изгуби славата и успехот.
Клои Кардашијан
Клои Кардашијан беше уапсена во 2007 година поради возење во пијана состојба, а целата драма беше прикажана и на ријалити шоуто на Кардашијанс.
Тогаш 23-годишната Клои доби 3 години условна казна, но го прекрши и ова правило, па доби 30-дневна казна затвор. Следната година, во 2008-ма, се вклучи во програма за справување со алкохолизам.
На мајка ѝ Крис, пак, целата ситуација ѝ била толку смешна, што на крај си ја врамила затворската фотка.
Фелисити Хофман
Додека повеќето славни имаат судир со законот поради наркотици и алкохол, Фелисити Хофман отиде чекор подалеку со скандалот поврзан со факултетот и оценките на нејзината ќерка.
Средношколците во САД полагаат тестови познати како SAT, а резултатот што ќе го постигнат има влијание врз тоа дали ќе бидат примени на некој колеџ или факултет.
Во 2019 година се дозна дека Фелисити платила 15.000 долари мито на личност одговорна за приемот на нови студенти со цел нејзината ќерка да добие подобра оценка и да може да се запише на факултет.
Инцидентот стана познат како еден од најголемите скандали поврзани со факултетското образование во САД и многу ја разгневи јавноста, а Фелисити беше прогласена за виновна за поткуп со цел нејзиното дете да се запише на факултет.
На крај, актерката доби 14-дневна казна затвор, 250 часа општокорисна работа и парична казна од 30.000 долари.
Бил Гејтс
За јавноста, Бил Гејтс важи за еден од најскромните и најдобрите богаташи, но очигледно и тој има бунтовна страна.
Во 1975 година, Гејтс беше уапсен поради брзо возење, како и возење без дозвола и игнорирање на знаците.
Во 1979 и 1989 година милијардерот беше уапсен уште двапати поради возење во алкохолизирана состојба. Подоцна обвиненијата биле тргнати, а Гејтс оттогаш немал никаков проблем со законот.