Сопругот на Сара Џесика Паркер го нарекуваат „убиец на слобода“ – Познати личности со криминално досие
Метју Меконахи
Во 1999 година познатиот актер беше уапсен за поседување марихуана. Имено, неговите соседи повикале полиција бидејќи актерот пуштал гласна музика, а кога полицајците влегле во неговиот дом, сфатиле дека тој има марихуана во куќата.
Покрај тоа, Меконахи не носел панталони и одбивал да се облече и покрај тоа што полицијата неколкупати му рекла. На крај, актерот давал отпор при апсење.
По инцидентот Меконахи помина 9 часа во затвор и плати казна од 1.000 долари. Потоа плати и уште 50 долари за правење врева.
Роберт Дауни Џуниор
Ѕвездата на Марвел е позната по бурното минато и проблемите со законот, но е одличен пример за личност која успеала да се ослободи од сите пороци и да си го најде вистинскиот пат во животот.
Во 1990-тите, Дауни беше зависник од дрога, а во 1996 кога беше застанат од полиција поради брзо возење - во автомобилот му нашле хероин, кокаин, но и пиштол.
Неполн месец подоцна, актерот повторно беше уапсен бидејќи му влегол во домот на сосед додека бил под дејство на некоја супстанца – соседот го нашол како му спие во креветот.
По овој инцидент, актерот помина шест месеци во затвор.
Вил Смит
Во 1989 година Вил Смит освои Греми награда, но денот ќе го помни по навистина немил настан.
Актерот почнал да се расправа со некој промотор, а ситуацијата брзо ескалирала. Наводно, тогаш 20-годишниот Вил му наредил на неговото обезбедување да го истепаат мажот и му нанеле толку сериозни повреди што речиси го изгубил видот.
Актерот сигурно би лежел во затвор, но подоцна нападнатиот маж ја повлече тужбата.
Метју Бродерик
Многумина сметаат дека сопругот на Сара Џесика Паркер, Метју Бродерик, е „убиец на слобода“ по трагичниот инцидент во 1987 година.
Тогаш актерот бил на одмор во Северна Ирска и додека возел по автопатот влегол во погрешна лента и се судрил со друг автомобил. Во автомобилот имало две лица кои загинале речиси веднаш.
Најпрво актерот беше обвинет за убиство од невнимателно возење, но подоцна обвинението беше променето во само невнимателно возење.
Актерот плати казна од 175 долари, а семејствата на жртвите изјавија дека тоа е „травестија на правдата“.
Џеј Зи
И најбогатиот рапер во светот има дамка во неговото минато.
На 1-ви декември 1999 година, Џеј Зи почнал да се расправа со Ланс Ривера, познат американски продуцент. Наводно тие се расправале за претстојниот албум на раперот кој требало да се издаде подоцна истиот месец.
Среде караницата, Џеј Зи го прободел продуцентот во стомакот, но за среќа преживеал.
Во 2001 година раперот ја призна вината и доби три години условна казна.
Спирова С. | Црнобело