Емили Ратајковски им одговори на критичарите: „Телото ми се измени во бременоста, сè уште имам вишок кожа“
- Детали
- четврток, 11 ноември 2021
„Телото ми се измени во бременоста, сè уште имам вишок кожа на мене“ – вели Емили Ратајковски која во изминатиот период постојано беше критикувана дека објавува фотографии на Инстаграм по бременоста и поставува нереални стандарди.
Моделот и модна дизајнерка Емили Ратајковски (30) во моментов работи на промоција на нејзината книга My Body, а гостуваше и во шоуто на Хауард Стерн, каде прокоментира и за големиот број критики што ги добила откако веднаш по породувањето објави видеоснимка на која ги рекламираше новите пижами од нејзиниот бренд Inamorata.
Видеоснимката беше направена само 11 дена по породувањето со синот Силвестер, а истата предизвика лавина коментари кај нејзините следбеници бидејќи поставува нереалистични очекувања за телото по породување.
„Имаше една жена што иако има мал број следбеници на Инстаграм, сепак беше мошне лута и коментираше дека јас сакам сите да знаат дека веднаш сум се вратила во форма и дека ставам нереален притисок“ – рече Емили.
На прашањето дали стравувала за сопствениот изглед додека била бремена, Емили откри дека според неа сè уште не се вратила целосно во форма.
„Телото ми се измени во бременоста, сè уште имам вишок кожа на мене, но не се уплашив додека бев бремена, затоа што мислам дека бременоста ми помогна да почнам да го ценам моето тело на нов начин.
Ми се допаѓаше тоа што бев бремена. Имаше денови кога се будев и бев мошне уплашена затоа што немав контрола, а моето тело постојано се менуваше“ – вели таа.
Освен за поставувањето нереални стандарди Емили често беше критикувана и за тоа каква мајка е, но тоа не ја спречи да продолжи да објавува фотки какви што сака.
Прочитајте повеќе: Не знае да го држи бебето, пие вино додека дои – секој пат кога мајчинството на Ратајковски беше мета на критики
Неодамна Емили за првпат го покажа лицето на нејзиното дете, кое во досегашните фотки го прикриваше. На објавата напиша:
„Поспана од прес-конференцијата за книгата се симнав долу и го најдов моето мало момче како се КАЧУВА по скалите за да ме прегрне. Ништо поубаво“.
Нејзините следбеници коментираат дека малиот Силвестер наликува на мал ангел.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело