Нови папарацо фотки: Алек Болдвин со сопругата на кафе, откако беа мета на критики за Halloween маската
- Детали
- вторник, 02 ноември 2021
Откако Алек и Хиларија прикачија среќни семејни фотографии од Halloween, станаа мета на критики и фотките беа наречени несоодветни и бесчувствителни, затоа што доаѓаат по помалку од една седмица од смртта на Халина.
Алек Болдвин (63) и неговата сопруга Хиларија (37) без фотографирани како го напуштаат изнајмениот дом во Манчестер, каде се обидуваат да се сокријат од папарацо фотографите, една седмица по трагичната несреќа на филмскиот сет на „Rust“.
Двајцата беа во спортско издание и одеа по кафе.
Парот е фотографиран за првпат по критките што ги добија, откако Хиларија објави семејни фотографии на кои со децата се маскирани за Halloween.
Многумина ги нарекоа фотографиите на Хиларија бесчувствителни, затоа што доаѓаат само неколку дена откако тој на сет случајно ја застрела и уби кинематогрфката Халина Хачинс.
Изгледа како тој да продолжил понатаму, додека нејзиното семејство уште тоне во болка од загубата.
Со фотогафиите од Halloween, Хиларија напиша дека родителството е тешко и интензивно искуство и дека со костуми за Halloween, направени во последен миг, сакале малку да ги израдуваат своите деца.
Среќните лица на фотографиите ги разлутија сите.
Хиларија беше осудена и за тоа што го прекинува Алек Болдвин додека дава изјави по повод случајот.
Фотографии од парот:
С. С. | Црнобело