Најубавото од Џоли и Пит – ќерката Шајло е прекрасна во фустан од мама, откако го надмина момчешкиот период
- Детали
- четврток, 28 октомври 2021
Шајло Пит Џоли (15) продолжува да го промовира својот нов имиџ. Машките одела ги замени со елегантните фустани на мама.
Најстарата ќерка на Анџелина Џоли (46) и Бред Пит (57) порасна препознатлива по момчешкиот имиџ.
Во минатото таа често на црвениот тепих со нејзините родители се појавуваше облечена во костум, или во опуштено издание во тренерки и дуксери, со кратка фризура.
Иако изгледаше преслатко секогаш, сепак во изминатите денови се чини дека 15-годишната Шајло го надминува момчешкиот период, па реши да направи промена во имиџот како тинејџерка.
Ќерката на Џоли и Пит прерасна во вистинска убавица, земајќи го најубавото од мама и татко, а забележително е дека машките одела ги замени за елегантни фустани.
На прикажувањето на филмот Eternals, Шајло се појави во црно-белиот фустан од Dior што мајка ѝ го носеше на премиерата на филмот Maleficent во 2019-та година.
Наместо во макси издание, Шајло фустанот го носеше со должина над колената.
За премиерите на филмот Eternals, Шајло изгледа реши да го промовира во целост новиот имиџ, па така на премиерата на Филмскиот фестивал во Рим, Шајло носеше краток црн фустан.
Инаку, ова не е првпат ќерките на Анџелина да се појават во нејзин фустан. Претходно овој месец, ќерката Захара се појави во фамозниот фустан на Анџелина од Elie Saab што актерката го носеше на доделувањето на Оскарите во 2014-та година.
Прочитајте и Анџелина Џоли се појави на премиера како божица - во елегантен фустан, со необичен моден детаљ на устата (фото)
Б. С. Б. | Црнобело