Анџелина Џоли блесна како во времето со Бред Пит - ќерка ѝ Шајло (15) повторно како девојче, по момчешкиот период
- Детали
- понеделник, 25 октомври 2021
Конечно Џоли во полн сјај! Анџелина Џоли се појави во едно од најсексапилните изданија досега, а покрај неа беа и двете ќерки, а впечатливо е тоа што Шајло повеќе не се облекува како момче...
Анџелина Џоли издоминира на 16-тиот Филмски фестивал во Рим. На промоцијата на нејзиниот нов филм „The Eternals“ во италијанската престолнина, таа изгледаше како вистинска божица.
46-годишната актерка носеше металик фустан кој совршено го исцртуваше нејзиното тело.
Како да се врати онаа старата сексапилна Џоли од времето кога со Бред Пит доминираше на настаните.
Со неа на црвениот тепих се појавија двете нејзини ќерки, и тоа Захара (16) во бел фустан и Шајло (15) во кратко црно фустанче.
Впечатливо е тоа што Шајло изгледа повторно одлучи да се облекува како девојче. Таа еден период носеше само машка облека и косата ја имаше потстрижано сосема кусо. На настанот изгледаше прекрасно.
Повеќе фотки од спектакуларното појавување на Џоли:
С. С. | Црнобело