Името на бившата го покри со усните на Кортни – Највпечатливите тетоважи на Тревис Баркер и нивното значење
- Детали
- вторник, 26 октомври 2021
Тревис има над 107 тетоважи на неговото тело, а четири од нив се посветени на сегашната свршеница Кортни Кардашијан. Какво значење имаат за него различните тетоважи?
Оние што не се упатени во музиката на бендот Blink 182, речиси и да не знаеја кој е Тревис Баркер (45), сè додека тој не ја започна врската со најстарата од сестрите Кардашијан, Кортни (42).
Тревис важи за одличен тапанар, а особено внимание привлекува во јавноста со имиџот на „лошо момче“ и со тоа што речиси 70 отсто од неговото тело е прекриено со тетоважи.
Ако мислевте дека нема место за нова уметност – тогаш тој реши да покаже дека тоа не е точно.
Една недела откако ја побара за сопруга Кортни, Тревис се пофали со нова тетоважа што ѝ ја посвети на својата идна сопруга.
Овојпат, Тревис реши да го покрие во целост името на неговата поранешна сопруга Шана Моаклер, со голема скорпија и со отпечаток на усните на новата љубов.
Тревис го истетовирал името на Шана во 2000-тите години. Тие стапиле во брак во 2004-та година, се разделиле во 2006-та, а официјално се развеле во 2008-та година.
Ова е четврта тетоважа што Тревис ѝ ја посветува на Кортни. Тој претходно го истетовира нејзиното име на неговите гради, ѝ дозволи таа да му ги истетовира зборовите „Те сакам“ (I love you) на подлактницата и зборовите „Ти си кул“ (You are so cool) на колкот.