Името на бившата го покри со усните на Кортни – Највпечатливите тетоважи на Тревис Баркер и нивното значење
Според магазинот Men’s Health Тревис има вкупно 107 тетоважи на 70 отсто од неговото тело.
Тетоважата со зборовите Can I Say (Можам ли да кажам) се протега во целост под вратот и го означува неговото животно мото. Со истите зборови беше насловена и неговата автобиографска книга од 2016-та година.
Тој години наназад отворено говореше за последиците од авионската несреќа во која за малку ќе го загубеше животот, злоупотребата на опојни супстанции и животот како дел од светски популарниот бенд Blink 182.
Тетоважата Self made на неговите прсти го потсетува на скромните почетоци и на тоа колку многу работел за стекнатата слава и музичката кариера.
Касетофон на стомакот – типична тетоважа за музичар, но во едно интервју појасни дека оваа тетоважа е посветена на неговото детство кога обожавал да танцува брејк-денс и собирал гето-музика.
Имал колекција од околу 20 касетофони и постојано носел со себе по еден од нив, а танцувал на улиците на парче картон.
На вратот највпечатлива е тетоважата со знамето за автомобилски трки, што тој појасни дека ја означува годината на неговиот омилен автомобил „Кадилак“, а освен тоа на задниот дел од вратот има цвеќиња со срце во кое пишува Mom (мама), посветенa на мајка му што ја загубил на возраст од 11 години.
Family First (Семејството на прво место) – Тревис во неколку наврати говорел за тоа колку му е важно семејството, се знае дека тој е мошне близок со неговите деца Алабама и Ландон, а оваа тетоважа ја има на две места на неговото тело – на главата и на грбот.
На вратот има портрет на Мерилин Монро, а неодамна врз него ги додаде и зборовите „Не верувај никому!“.
По авионската несреќа во 2008-ма година тој имал голем број изгореници и дел од неговите претходни тетоважи биле оштетени, по што решил во тој дел да стави портрети на некои од неговите членови на семејството.
@travisbarker Your are covered in tattoos dude. talented artist ! looks exactly like Alabama . Love it ! #DOPE pic.twitter.com/4EZibqKM
— Allex Barker (@AllexBarker) October 27, 2012
Освен овие тетоважи, Тревис на главата има голема тетоважа на Богородица, како и од дланки склопени за молитва…
Секако, тој има уште голем број поголеми и помали тетоважи, но горенаведените се некои од највпечатливите.
Б. С. Б. | Црнобело