На 43 години го роди првото дете, сега е во топ-форма – Ева Лонгорија ужива на плажа во Мексико (фото)
- Детали
- среда, 20 октомври 2021
Ева Лонгорија деновиве е на одмор во Мексико со нејзиното синче, а од папарацо фотките, но и нејзините објави, станува јасно дека актерката води одлична грижа за себе, па и на 46-годишна возраст е во топ-форма и покрај многуте работни обврски.
На 46 години, Ева Лонгорија успева да се одржи во топ форма, и покрај тоа што е мајка и напорно работи како актерка и продуцент.
Деновиве таа ужива на плажите во Мексико каде што беше фотографирана со нејзиниот 2-годишен син Сантијаго.
Актерката најпозната по улогата во „Очајни домаќинки“ носеше сини бикини, а дефинитивно најмногу внимание привлекуваат нејзините затегнати стомачни.
Лонгорија и самата сподели фотка на Инстаграм, со опис:
„Од Мексико, со љубов“.
https://www.instagram.com/p/CVN9QGarQkg/
Актерката е во среќен брак со продуцентот Хосе Бастон, но веројатно тој не им прави друштво на Ева и синот на одморот.
Претходно, Ева беше во брак со актерот Тајлер Кристофер (2002-2004), како и со кошаркарот Тони Паркер (2007-2011).
Лонгорија има само едно дете со сегашниот сопруг, а во периодот кога се породи сподели дека била многу критикувана за начинот на којшто се грижи за него.
Ова, пак, ја натерало да престане да им дава совети на другите мајки бидејќи ѝ е јасно како се чувствуваат.
„Срамењето на мајките е многу реален проблем. Никогаш нема да кажам некому како да се грижи за своето дете. Јас сум далеку од експерт за мајчинство“.
Актерката вели дека поддршката од семејството значително ѝ помогнала да биде што е можно подобра мајка.
„Имам огромно семејство. Имам неверојатен сопруг којшто ме поддржува, имам прекрасни сестри, имам прекрасни пријателки кои имаат деца на иста возраст колку моето. Заедно се грижиме за нив“.
И покрај тоа што уште е активна во филмската индустрија, Ева вели дека сега нејзиниот син е приоритет, но и дека тој ја тера да биде подобра личност.
„Постојано сум загрижена за него. Дури и кога спијам. Главната обврска ми е мајчинството. Сега сум мајка на Сантијаго. Не знам никако да го опишам чувството… како благослов е.
А, она што ме изненади најмногу е колку почнав да се фокусирам на активизмот и филантропијата откако станав мајка. Сега само си мислам дека морам да го направам светот подобар за моето дете.
Ова ми е особено важно и мислам дека е уште поважно да бидам пример за него. Се надевам дека ќе ги следи моите чекори“.
Спирова С. | Црнобело