Бившиот сопруг повторно е крај неа, среде гласини за The Weeknd - со кого е во врска Анџелина Џоли? (фото)
- Детали
- среда, 13 октомври 2021
Среде гласини за врска со 31-годишниот музичар The Weeknd, Анџелина Џоли повторно фотографирана со поранешниот сопруг Џони Ли Милер, од чиј апартман беше уловена како излегува пред извесен период.
Анџелина Џоли повторно беше забележана со поранешниот сопруг Џони Ли Милер. Поранешниот пар беше фотографиран по вечера во Калифорнија.
46-годишната Џоли која уште води бракоразводна битка со Бред Пит изгледа најголема утеха пронајде во Џони Ли Милер (48), затоа што ова не е првпат да биде видена со него.
Пред извесен период таа беше уловена како излегува од неговиот апартман во Њујорк.
Сето ова се случува среде гласините за наводната врска помеѓу Анџелина и 31-годишниот музичар The Weeknd.
Џоли неколку години беше во брак со Џони Ли Милер во 90-тите и нивните средби во последено време разгоруваат разни гласини.
Инаку Џоли и Милер се запознаа на сетот на Hackers и набрзо потоа почнаа врска. Стапија во брак во 1996-та година, и тоа потпишувајќи се со крв. Според Џоли, потписот со крв имал многу поголемо значење отколку „обичен“ потпис на хартија.
Три години подоцна тие се разделија, но останаа во добар однос.
Фотки од Џоли со поранешниот:
Прочитајте и Кој бивши сопруг ја теши Анџелина Џоли, по загубената судска битка со Бред Пит?
С. С. | Црнобело