На плажа со нудисти, бегала преку балкон: Скандалозното однесување на принцезата Дијана
- Детали
- недела, 17 октомври 2021
Дијана Спенсер или „Принцезата на срцата“ е сè уште култна личност во британското кралско семејство. И покрај тоа што повеќе ја нема и поминаа 24 години од нејзината смрт, сепак таа ужива култен статус, останувајќи една од најмаркантните ликови во кралската династија.
Сепак, и покрај срамежливата насмевка и шармантност, Дијана била исклучително палава личност си бурен темперамент.
Ова се само дел од најскандалозните моменти во нејзиниот живот:
Екстремно бегство
Принцезата од Велс отсекогаш била палава девојка во срцето. Но, таа морала да ја потисне оваа особина, живеејќи покрај кралицата.
Додека била на одмор, Дијана можела да се однесува малку послободно. Така, додека одмарала во Австрија со Вилијам и Хари, таа избегала од хотелот.
Дијана обожавала да оди на ноќни прошетки и да ужива во мир и тишина, но била свесна дека обезбедувањето никогаш нема да ѝ го дозволи тоа.
Знаејќи го ова, храбрата Дијана едноставно скокнала од балконот на вториот кат од нејзината соба директно во снегот.
Утрото сама се вратила во хотелот, а обезбедувањето едноставно ја пропуштило да влезе.
Луда забава со Фреди Меркјури
Кралските протоколи ѝ забранувале на принцезата да биде дел од секакви „сомнителни“ настани.
Дијана се обидела да се забавува со танцување во палатата или на здодевните друштвени приеми, но таа можела да се опушти и релаксира само на ретки забави со познати луѓе.
Еднаш принцезата била поканета да помине една вечер со групата Квин, актерот Руперт Еверет и други британски sвезди.
Приватната забава продолжила во лондонскиот геј клуб Royal Vauxhall Tavern, каде што самиот Фреди Меркјури ја придружувал Дијана.
На плажа со нудисти
Поранешната сопруга на принцот Чарлс можела да биде сама исклучиво во палатата. Во останатиот дел од времето, телохранителите ја следеа насекаде.
Поранешниот чувар на Лејди Ди, Кен Варф, изјавил дека во 1992 година го убедила да ѝ даде 40 минути за да прошета сама.
Телохранителот ја одвел принцезата на напуштена плажа во позната област. Тој ѝ дал и воки-токи, за секој случај.
Замислете го неговото изненадување кога таа му се обратила со зборовите: „Ова е неверојатно! Требаше да ми кажеш за нудистичката плажа!“
Инцидент со полицијата
Дијана била блиска пријателка со Сара Фергусон, поранешната сопруга на принцот Ендру.
Писателката Сара Брадфорд зборувала за забавата со костими за време на моминската вечер на Фергусон. Пријателките биле облечени во полициски униформи и носеле перики.
Успеале да избегаат надвор од Бакингемската палата, но не за долго. Дијана и Сара биле забележани од вистинските чувари на законот и биле пред апсење.
Нивните пријателки веќе биле притворени во полициското комбе, кога еден од чуварите ја препознал Дијана. Девојките, се разбира, биле ослободени.
„Тројца во бракот“
Дијана била многу навредена од Чарлс затоа што ја изневерувал и таа била свесна за тоа.
Најстариот син на Елизабета II продолжил да комуницира со Камила Паркер-Боулс зад грбот на принцезата, и таа не можела да стори ништо во врска со тоа.
Но, Лејди Ди скроила план како да му се одмазди на Чарлс за сета болка што ѝ ја нанел.
Таа зборуваше за „тројца во бракот“ во емисијата „Панорама“ во 1995 година и го одредила датумот на објавување на скандалозното интервју, кое се поклопило со 47-от роденден на Чарлс.
(О)Милена | Црнобело