Бившата на Илон Маск со бизарен стајлинг шета низ Лос Анџелес, првпат по разделбата (фото)
- Детали
- вторник, 05 октомври 2021
По разделбата со мултимилијардерот Илон Маск, музичарката Грајмс се шета со чуден стајлинг низ Лос Анџелес.
Поранешната девојка на Илон Маск, 33-годишната музичарка Грајмс, беше фотографирана за првпат по разделбата со претприемачот.
Таа во необичен стајлинг се прошета по улиците на Лос Анџелес, читајќи го Манифестот на Комунистичката партија од Карл Маркс.
Нејзиниот стајлинг очигледно е косплеј костим. Едноделниот комбинезон е инспириран од научно фантастичните филмови и Грајмс вели дека намерно сака да стане хит меме, односно да биде исмевана на социјалните мрежи.
Грајмс со 50-годишниот мултимилијардер има 16-месечен син.
Прочитајте и 33-годишната партнерка на Илон Маск (50) со необична изјава по разделбата + нови бизарни фотки од неа
Чудниот стајлинг на бившата на Илон Маск:
С. С. | Црнобело