Таа е наследничка на еден од некогашните најубави парови: Ќерката на Антонио Бандерас и Мелани Грифит е природна убавица (фото)
- Детали
- сабота, 16 октомври 2021
25-годишната Стела дел Кармен Бандерас е родена во Марбеља, Шпанија. Нејзините родители, актерите Антонио Бандерас (61) и Мелани Грифит (64) важеа за еден од најубавите парови во светот на славните.
Нивниот брак траеше цели 19 години, од 1996 до 2015 година, што за холивудските стандарди е навистина долг период.
Мелани Грифит има уште една ќерка од бракот со Дон Џонсон, Дакота Џонсон, која ни е најпозната по улогата во трилогијата „Fifty Shades of Grey“.
Младата Стела има желба да тргне по стапките на нејзината полусестра, а засега одлично се снаоѓа во улогата на модел. Таа очигледно ги наследила најубавите генетски особини од своите родители, а фотките се доказ за тоа:
(О)Милена | Црнобело