33-годишната партнерка на Илон Маск (50) со необична изјава по разделбата + нови бизарни фотки од неа
- Детали
- вторник, 28 септември 2021
„Ние сме на некој начин разделени, но сè уште се сакаме, се гледаме често и односот ни е добар“, вели Грајмс, која можеби потајно ја откри и причината за разделбата со Илон Маск во продолжение.
По разделбата со Илон Маск (50) музичарката Грамјс во изјава за медиумите вели дека нејзините планови се за „надвор“ од овој свет.
33-годишната Грајмс, позната по својот специфичен стил и на моменти дури бизарни стајлинзи, вели дека со Илон се разделиле, но се во добри односи и се шегува дека нејзин план е да основа вселенска лезбиска заедница, посочувајќи на SpaceX, компанијата на Маск.
„Ќе колонизирам една од месечините на Јупитер на страна од Илон за да основам вселенска лезбиска заедница.“
Дали таа навистина е насочена кон женскиот пол и токму тоа е причината за разделбата со Илон или станува збор за нешто друго, останува да видиме.
„Ние сме на некој начин разделени, но сè уште се сакаме, се гледаме често и односот ни е добар“, вели Грајмс.
Инаку, Грајмс доби син со Илон во мај 2020.