Не се будеше за помалку од 10.000 долари, признава дека операциите ја деформирале – Факти за Линда Еванџелиста

Заработуваше по 10.000 долари дневно, нејзиниот ритуал за добар изглед вклучуваше 26 производи дневно, а тврди дека останала деформирана по процедура за подмладување. Во продолжение неколку интересни факти за Линда Еваџелиста.

ne-se-budeshe-za-pomalku-od-10-000-dolari-priznava-deka-operaciite-ja-deformirale-fakti-za-linda-evangelista-01.jpg

Некогаш заработуваше по 10.000 долари дневно, а денес признава дека живее осамен живот, затворена од светот и од јавноста, затоа што по една процедура за подмладување останала во целост деформирана. Линда Еванџелиста на Инстаграм отворено призна зошто во последните пет години се крие од јавноста.

ne-se-budeshe-za-pomalku-od-10-000-dolari-priznava-deka-operaciite-ja-deformirale-fakti-za-linda-evangelista-1588086372.jpg

Линда Еванџелиста (56) во својата кариера се појавила на над 700 насловни страници. Нејзината фраза: „Не се будам за помалку од 10.000 долари“ ќе остане запаметена како фраза што ја одбележа нејзината кариера.

ne-se-budeshe-za-pomalku-od-10-000-dolari-priznava-deka-operaciite-ja-deformirale-fakti-za-linda-evangelista-1588086373.jpg

За неа велеа дека е „Камелеон“ затоа што постојано го менуваше изгледот, што не е вообичаено кај другите модели кои постојано се трудат да го задржат истиот изглед без некои поголеми и драстични промени.

ne-se-budeshe-za-pomalku-od-10-000-dolari-priznava-deka-operaciite-ja-deformirale-fakti-za-linda-evangelista-1588086374.jpg

Таа беше дел од големата петорка, односно првите пет манекенки што заработуваа поголеми суми на пари, заедно со Синди Карфорд, Наоми Кемпбел, Кристи Тарлингтон и Калудија Шифер.

Линда во својата кариера успеа да заработи околу 40 милиони долари, што е сосема солидно, ако се земе предвид дека оваа сума ја заработила само како модел, без да се впушти во други дополнителни инвестиции, како што тоа го прават голем број други познати личности.

ne-se-budeshe-za-pomalku-od-10-000-dolari-priznava-deka-operaciite-ja-deformirale-fakti-za-linda-evangelista-1588086375.jpg

Во интервју од 2018-тата година Линда говореше за процесот на стареење, за тоа како ги доживува социјалните мрежи, но и за тоа како изгледале нејзините ритуали за убавина во миговите кога била на врвот на кариерата, во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

Ако го разгледате нејзиниот Инстаграм профил, ќе забележите дека меѓу последните фотографии што таа ги објавила од себеси е една од фотосесија за магазинот InStyle од 2017-тата година и дека речиси и да нема понова фотографија.

„На почетокот објавував неколкупати фотографии од себеси во природно издание, а добивав коментари од типот: ‘Што ѝ е, да не е болна?’. Луѓето очекуваат да изгледам како на фотографиите за италијанскиот Vogue, за кои што биле потрошени четири часа само на фризура и на шминка. Така, кога ќе им ја дадете реалноста, таа не им се допаѓа“ – изјави Линда во 2018-тата година.

Таа во тоа време тврдеше дека во целост го прифаќа стареењето, но дека не е против ниту третманите за подмладување, како ботокс, филери, ласер...

Низ годините таа се обидувала да го оддржи младешкиот изглед, а нејзината рутина за убавина во еден период вклучувала 26 различни производи.

ne-se-budeshe-za-pomalku-od-10-000-dolari-priznava-deka-operaciite-ja-deformirale-fakti-za-linda-evangelista-1588086379.jpg

Линда Еванџелиста деновиве повторно е актуелна, откако на Инстаграм јавно објави зошто цели пет години се крие од јавноста.

ne-se-budeshe-za-pomalku-od-10-000-dolari-priznava-deka-operaciite-ja-deformirale-fakti-za-linda-evangelista-1588086380.jpg

Призна дека по две болни и неуспешни операции за подмладување со смрзнување на клетките останала во целост деформирана и непрепознатлива.

„Развив Paradoxal Adipose Hyperplasia, а за овој ризик не ме информираа пред да започнам со процедурите“ – вели таа.

Paradoxal Adipose Hyperplasia е ретка појава што се јавува кај лицата што практикуваат третмани со смрзнување на клетките, а кај лицата што страдаат од неа, местата што биле третирани со смрзнување, наместо да се намалат, стануваат поголеми.

ne-se-budeshe-za-pomalku-od-10-000-dolari-priznava-deka-operaciite-ja-deformirale-fakti-za-linda-evangelista-1588086381.jpg

Линда во објавата на Инстаграм вели дека поради оваа појава западнала во длабока депресија и почнала да живее целосно повлечен живот.

Таа најави тужба, а вели дека иако повеќе не наликува на себеси, сепак сака да си замине со исправена глава.

Линда за последен пат во јавноста беше забележана во 2016-тата година, погледнете дел од фотографиите од тој период:

ne-se-budeshe-za-pomalku-od-10-000-dolari-priznava-deka-operaciite-ja-deformirale-fakti-za-linda-evangelista-1588086382.jpg

ne-se-budeshe-za-pomalku-od-10-000-dolari-priznava-deka-operaciite-ja-deformirale-fakti-za-linda-evangelista-1588086386.jpg

ne-se-budeshe-za-pomalku-od-10-000-dolari-priznava-deka-operaciite-ja-deformirale-fakti-za-linda-evangelista-1588086387.jpg

ne-se-budeshe-za-pomalku-od-10-000-dolari-priznava-deka-operaciite-ja-deformirale-fakti-za-linda-evangelista-1588086388.jpg

ne-se-budeshe-za-pomalku-od-10-000-dolari-priznava-deka-operaciite-ja-deformirale-fakti-za-linda-evangelista-1588086391.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најскапите модни изданија на познатите дами на црвениот тепих Знаете ли дека впечатливиот жолт фустан што Ријана го носеше на Мет галата во 20...
Џеј Зи е најбогат - Кои 10 музичари се со најголема заработка во кариерата? Џон Кори Картер, најпознат како Џеј Зи, е најбогатиот музичар во светот, надмину...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Мараја Кери пееше за семејството на Гадафи – Познати пејачи кои одржаа приватни концерти за богаташи Мараја Кери се соочи со остри критики по приватниот концерт за семејството на Му...
Бијонсе купи имот за 200 милиони долари: Најскапите куќи на познатите личности Покрај другите бенефиции кои може да си ги дозволат, славните личности поседуваа...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg