Како изгледаат Џеј Ло и Џенифер Гарнер кога ќе ги сретнете на улица, опуштени со децата?
- Детали
- петок, 24 септември 2021
Во секојдневието и тие носат фармерки, патики, опавче или несредена пуштена коса и ги кријат подочниците зад темните очила за сонце. Чиј кежуал стил ви се допаѓа повеќе?
Џенифер Лопез секој слободен миг го минува со своите близнаци. 52-годишната пејачка беше фотографирана во макси фустан со патики додека уживаше во есенскиот ден во Лос Анџелес.
Нејзината ќерка и во оваа пригода имаше сина коса и специфичен стајлинг.
Џеј Ло очигледно сакала да мине незабележано, но на поп дивата речиси никогаш не ѝ успева тоа.
Инаку, таа повторно е заедно со Бен Афлек, чија поранешна сопруга Џенифер Гарнер исто така беше фотографирана во кежуал издание со едно од децата, исто така во Лос Анџелес.
49-годишната актерка го носеше синот на часови по пливање и за оваа пригода се одлучи за фармерки и кошула на риги.
Гарнер има 3 деца од бракот со Бен Афлек.
Чиј кежуал стил ви се допаѓа повеќе?
Прочитајте и Се вљубил во Џенифер Гарнер додека бил со Џеј Ло: Детали како Бен Афлек раскина со Џеј Ло и се ожени со Гарнер
С. С. | Црнобело