Зошто Бред Пит престана да се грижи за својот изглед?
- Детали
- недела, 31 октомври 2021
„Стануваш постар, па стануваш и поголем намќор, а удобноста ти станува поважна. Мислам дека во тоа е суштината“. Со овие зборови Бред Пит (57) се опишува себеси и вели дека на ова се должи неговата незаинтересираност за сопствениот изглед.
Бред Пит со години наназад важи за еден од најпривлечните мажи во Холивуд, но во последно време се чини дека веќе не се грижи за сопствениот изглед. Тој на јавноста ѝ стана познат токму како модел, а со помош на часови по глума и работа во телевизија го започна патот до славата.
Иако многумина сметаат дека и на 57 години актерот сè уште изгледа одлично, сепак вели дека во последно време тој самиот сè помалку му дава значење на физичкиот изглед.
Во неодамнешно интервју за Esquire тој зборува за својот изглед и вели дека постојано бира облека во монохроматски бои.
„Сакам едноставни работи. Ги сакам деталите на рабовите на облеката, како ги чувствувам на допир. Всушност, тоа е можеби и моето единствено мерило“ – вели тој и појаснува дека многу повеќе е сконцентриран на тоа како живее, отколку на тоа што го носи.
Појаснува дека при изборот на облека, најважно му е да се чувствува удобно. Не сака да изгледа впечатливо, туку дури откако ќе му се приближите да ги забележите деталите.
„Премногу е напорно да ги следите трендовите. Јас мразам билборди, не сакам да бидам билборд“ – вели тој.
Сепак, тој признава дека повторно прифатил да биде заштитно лице, но овојпат на производителот на кафе De’Longhi.
„Јас мошне сериозно, професионално и посветено пијам кафе. Вообичаено наутро ми се потребни по три капучина, а во зависност од работните обврски во поладневните часови, може да почнам да пијам и еспресо“ – вели актерот.
Тој говореше и за тоа зошто во последно време многу помалку води сметка за изгледот и за тоа што го носи. Па, како што вели, тоа самото по себе си доаѓа со годините:
„Стануваш постар, па стануваш и поголем намќор, а удобноста ти станува поважна. Мислам дека во тоа е суштината“.
Во 2017-тата година тој во интервју за GQ говореше за својот живот по разводот со Анџелина Џоли. Во тој период актерот живееше во неговата куќа во Холивуд Хилс, каде живее од 1994-тата година. Иако имал и други имоти, сепак одлучува да не си оди оттаму затоа што, како што вели, тоа бил домот на неговите деца.
Ова интервју беше направено непосредно по неговата рехабилитација од зависноста од алкохол по што, како што вели самиот, научил да наоѓа задоволство во едноставниот живот. Прашан за тоа што е она што му носи радост во тие денови, тој вели:
„Се будам секое утро и палам оган. Пред да легнам да спијам, повторно палам оган, само затоа што прави да го чувствувам животот. Да почувствувам живот во куќава“ – вели тој.
Иако не се грижи многу за изгледот, многумина велат дека тој сè уште изгледа одлично.