Свршеникот на Бритни Спирс откри како го одржува згодното тело – некогаш тежел 130kg
- Детали
- недела, 19 септември 2021
Сем Ашгари го освои срцето на Бритни Спирс, а сите се сложуваат дека тој изгледа одлично и е во „топ-форма“. На што се должи неговиот добар изглед?
Свршеникот на Бритни Спирс, Сем Ашгари (27) работи како личен тренер, а деновиве имаше пообемно интервју за Men’s Health во кое говореше многу повеќе за себеси и за својата кариера, но и за својот живот.
За Сем се знае дека потекнува од Иран и е најмал од 4 деца. На возраст од 12 години се преселил во САД заедно со татко му.
Пораснал во Лос Анџелес и признава дека како дете немал здрави навики за исхрана. Како студент играл рагби, но откако ја загубил можноста за стипендија продолжил со нездравата исхрана поради што во еден момент тежел дури 132 kg.
Откако успеал во период од само 6 месеци да ослаби 45 kg, животот драматично му се променил.
Денес тој е фитнес тренер, модел и актер, а свршеницата Бритни Спирс ја запознал за време на снимањето на нејзиниот спот за песната Slumber party од 2016-тата година, каде тој ја толкуваше улогата на нејзин љубовник.
Тој за Men’s Health откри како денес го одржува своето тело и кои се неговите правила за добра исхрана.
„Мојата исхрана започнува со производи што се природни и израснати од земја, а во никој случај не консумирам процесирана храна“ – вели тој.
Неговиот ден започнува во 7 часот наутро со кардиовежби пред воопшто и да појадува и овие вежби траат до 8 или 9 часот.
Вообичаено за појадок зема храна што е богата со протеини: 4 до 5 јајца и свеж зеленчук, а во никој случај не консумира јаглехидрати наутро.
Што се однесува до ручекот, тој вели дека консумира балансирана храна што се состои од 25% јаглехидрати, 25% зеленчук и 50% протеини.
По ручекот, тој продолжува со вежбање, по што задолжително зема протеински напиток. Во текот на денот тој ги повторува истите оброци, но задолжително тие треба да бидат пропорционално распоредени како ручекот.
Иако денес работи како фитнес тренер и актер, во минатото работел и како готвач, па самиот признава дека има денови кога одлучува да се опушти и да се одмори од строгиот режим на исхрана, па во тие денови прво по што посегнува е хамбургер и пржени компирчиња.
„Се обидувам да бидам дисциплиниран кога станува збор за мојата исхрана. Во 95% од мојата исхрана се обидувам да се хранам здраво, а само во 5% од случаите ја земам храната што сакам да ја јадам“ – вели тој.
Денес, Сем споделува видеа и фотографии редовно на Инстаграм на кои може да го видиме како вежба или на кои едноставно споделува совети за здрав живот.
Погледнете дел од нив:
Прочитајте и Трета среќа: Сем Ашгари (27) ја запроси Бритни (39) со дијамантски прстен од 70.000 долари, откако татко ѝ ја „ослободи“
Б. С. Б. | Црнобело