„Ме врзуваа со синџири, мислев дека никогаш нема да излезам“ – Дру Баримор во менталната установа каде беше затворена на 13 години

„Го мразев местото. Клоцав, викав… Еден миг сте на филмски премиери, следниот сте во институција со бодликава жица“ - Дру Баримор со солзи ја посети менталната установа во која мајка ѝ ја сместила на 13-годишна возраст.

me-vrzuvaa-so-sindzhiri-mislev-deka-nikogash-nema-da-izlezam-dru-barimor-ja-poseti-na-institucijata-kade-shto-beshe-zatvorena-na-13-godini-01.jpg

На само 13-годишна возраст Дру Баримор беше затворена во ментална институција каде што помина една и пол година, односно 18 месеци.

Сега 46-годишната актерка реши да го посети местото, како дел од нејзиното шоу The Drew Barrymore Show.

На инсертот од посетата се гледа како Дру излегува од автомобилот покрај оградата на установата, а речиси веднаш почнува да плаче и да се присетува на трауматичниот период што го поминала таму.

„Бев диво дете и бев толку надвор од контрола што никој не знаеше што да прави со мене. Ме донесоа со автомобил и ме натераа да поминам низ оние две врати, а кога ќе поминеш низ тие врати - никогаш не излегуваш. А, јас бев внатре година и пол“.

me-vrzuvaa-so-sindzhiri-mislev-deka-nikogash-nema-da-izlezam-dru-barimor-ja-poseti-na-institucijata-kade-shto-beshe-zatvorena-na-13-godini-4.JPG

Пред да ја затворат во институцијата, Дру веќе имаше проблеми со зависност од дрога и алкохол, без разлика што имаше само 13 години.

Таа неколкупати има зборувано за овој мрачен период од нејзиниот живот, споделувајќи дека неретко ја врзувале и ја ставале во соба со меки ѕидови.

„Го мразев местото. Клоцав, викав… Еден миг сте на филмски премиери и во дискотеки, следниот сте во институција со бодликава жица и не можете да излезете“.

me-vrzuvaa-so-sindzhiri-mislev-deka-nikogash-nema-da-izlezam-dru-barimor-ja-poseti-na-institucijata-kade-shto-beshe-zatvorena-na-13-godini-05.JPG

Актерката открива и зошто одлучила да ја посети установата како дел од шоуто:

„Мислам дека е важно да го споделам ова со луѓето бидејќи кога го гледаат шоуто гледаат дека имаме убав сет, јас имам убава облека, секогаш сум со средена фризура и шминка и има некаква елеганција. Но, никогаш нема да го заборавам овој дел од мојата приказна.

Сум видела и сум поминала низ работи кои ме натерале да сфатам дека сите ние минуваме низ нешто. А, ова може да биде засрамувачко.

Мора да бидеме силни, мора да бидеме горди бидејќи сме го надминале тоа“.

me-vrzuvaa-so-sindzhiri-mislev-deka-nikogash-nema-da-izlezam-dru-barimor-ja-poseti-na-institucijata-kade-shto-beshe-zatvorena-na-13-godini-06.JPG

Актерката нагласува дека оттогаш постигнала многу и се чувствува добро што отишла да ја посети институцијата.

„Животот е прекрасен во споредба со ова место. Не ми се ни верува дека сум стигнала дотука бидејќи додека бев внатре, не го гледав ова.

Мислев дека засекогаш ќе бидам затворена овде. Мислев дека никогаш нема да се подобрам и само сум среќна за мојот сегашен живот.

Не знам дали би го имала овој живот без ова место. Па, ми беше важно да дојдам овде и само да покажам почит“.

me-vrzuvaa-so-sindzhiri-mislev-deka-nikogash-nema-da-izlezam-dru-barimor-ja-poseti-na-institucijata-kade-shto-beshe-zatvorena-na-13-godini-03.JPG

Актерката ја почна кариерата уште во детството, со улогата во филмот E.T.

Но, нејзината огромна популарност набрзо си го зеде данокот, па уште пред да стане тинејџерка, Дру веќе имаше проблеми со алкохол и дрога.

Веројатно мајка ѝ сметала дека институцијата е најдобриот начин да ѝ помогне на ќерка си, но Дру дефинитивно страдала додека била внатре.

me-vrzuvaa-so-sindzhiri-mislev-deka-nikogash-nema-da-izlezam-dru-barimor-ja-poseti-na-institucijata-kade-shto-beshe-zatvorena-na-13-godini-07.JPG

На почетокот од годинава, Дру отворено зборуваше за институцијата и одлуката на мајка ѝ со водителот Хауард Стерн.

„Мислам дека мајка ми создаде чудовиште и не знаеше што да први со тоа чудовиште. Ова беше нејзиниот последен обид и јас навистина бев надвор од контрола и ѝ простувам што ја донела таа одлука.

Веројатно сметала дека повеќе нема каде да побара помош. Сигурна сум дека живееше со многу вина, но мислам и дека живееше со многу болка бидејќи долго време не ѝ зборував“.

me-vrzuvaa-so-sindzhiri-mislev-deka-nikogash-nema-da-izlezam-dru-barimor-ja-poseti-na-institucijata-kade-shto-beshe-zatvorena-na-13-godini-02.JPG

По ова, водителот ја праша дали денес зборува со нејзината мајка, на што Дру одговори:

„Да, си праќавме пораки утрово. Мило ми е што има некаков напредок, а го поминавме целиот живот обидувајќи се да сфатиме што треба да правиме. Мислам дека сега имам многу повеќе емпатија бидејќи имам 46 години и сум мајка на две деца“.

me-vrzuvaa-so-sindzhiri-mislev-deka-nikogash-nema-da-izlezam-dru-barimor-ja-poseti-na-institucijata-kade-shto-beshe-zatvorena-na-13-godini-08.JPG

Видео од посетата на Бру (инсертот со институцијата почнува од 12-тата минута):

Прочитајте повеќе:  Дру Баримор: „Majка ми од мене креираше чудовиште и на 13 години ме смести во психијатриска установа“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg