Наталија Брајант за Коби: „Тешко ми е кога говорам за татко ми, но сакам да го правам тоа“
- Детали
- петок, 10 септември 2021
„Тој беше татко каков што би посакало секое девојче. Тешко е, но многу сакам да говорам за него“ – вели најстарата ќерка на Коби и Ванеса Брајант, Наталија (18).
Најстарата ќерка на Ванеса и Коби Брајант, Наталија Брајант веќе има 18 години, а оваа есен започна да оди во колеџ, на University of Southern California, каде ќе студира филмски уметности. Таа се појави на насловната страница на Teen Vogue, а даде и одговори на повеќе прашања што се однесуваат на неа, на нејзиниот приватен живот, но и за тоа кои се нејзините планови за во иднина.
НБА легендата Коби Брајант и Џиана Брајант починаа во страшна хеликоптерска несреќа на 26.01.2020 година само една недела по 17-иот роденден на Наталија.
Сега, една година подоцна Наталија го продолжува образованието, а дополнително е заинтересирана и за тоа да биде модел.
https://www.instagram.com/p/CHFIuL5hB0X/?utm_source=ig_web_copy_link
Иако во минатото мошне сакала да се занимава со спорт, особено со одбојка, таа признава дека по несреќата се откажала од тоа.
„Го сакам спортот. Се откажав од одбојката по несреќата затоа што... Многу работи се случуваа во тоа време. Знам дека... Не ја сакав одбојката така како што тие (Коби и Џиана) ја сакаа кошарката“ – вели таа.
Она што го забележува Данјел Смит, авторот на интервјуто за Teen Vogue е дека Наталија кога говори за нејзината сестра Џиана, сè уште говори во сегашно време, како таа да е тука.
https://www.instagram.com/p/B_qN8hkJ9LA/?utm_source=ig_web_copy_link
Наталија себеси се оценува како „дружељубив интроверт“, затоа што сака да разговара со луѓе, но во суштина многу повеќе сака да биде дома, а причината за тоа е големата блискост што постои со членовите на семејството. Како што нагласува, љубовта кон филмот се родила од заедничките мигови што таа ги поминувала со нејзиниот татко Коби.
„Тој беше татко каков што би посакало секое девојче. Секогаш ми дозволуваше да слушам каква сакам музика и да ги пејам на цел глас песните на Тејлор Свифт и заедно разговаравме и за Star Wars“ – вели Наталија.
https://www.instagram.com/p/CBtMi-XJbg_/?utm_source=ig_web_copy_link
„Сакам да говорам за татко ми. Тешко е, но многу повеќе сакам да говорам за него, отколку што сум тажна кога го правам тоа“ – заклучува таа.
Инаку, Наталија го остварува сонот на нејзините родители и ќе го продолжи образованието. Коби и Ванеса немале можност да одат во колеџ. Ванеса веднаш по завршување на образованието се омажила за Коби, а тој по средното образование веднаш ја започнал блескавата кошаркарска кариера во НБА. Коби и Ванеса имаат уште 2 ќерки: Бјанка (4) и Капри (2).
Прочитајте и Ванеса Брајант со ќерките во Дубровник: „Ја исполнив желбата на Коби, Наталија да оди во Хрватска“
Погледнете повеќе фотографии од нејзината прва фотосесија за Teen Vogue:
https://www.instagram.com/p/CTkHRK-n5hC/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CTkRKOOnxDz/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CTkRNxBH2oF/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CTkRQTYHyqO/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CTkRvJnFrOq/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CTkR_M5l6-q/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CTkSIn5l3XL/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело